Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

43 фотографии за 43. роденден на Бекам

Спортистот Дејвид Бекам го прославува 43. роденден. Тој е пример како еден маж, со вистински насоки, од тотален моден невкус, може да стане машка модна икона, која ќе инспирира други.

Во галеријата ќе погледнете како се трансформираше неговиот стил низ годините. Од фотографиите ќе забележите дека Дејвид постојано менувал нешто во својот изглед. Некогаш тоа е стилот на облека – од спортски до класичен, некогаш е фризурата – од шатирана, преку долга, до кратка машка фризура, а го гледавме и со долга брада, без брада или само со мустаќи.

Без разлика кое е вашето омилено издание од спортистот, ќе се согласите дека од 2008 па наваму, неговиот стил е беспрекорен и олицетворение на еден модерен Британец кој не се лиши од префинетост, класика и манири.

 

2 мај 2018

Други галерии

Убавината на Моника Белуч...

Долче и Габана колекција...

Највпечатливите фустани н...

Улиците на Милано преплав...

Фото галерија: „Plus size...

Exit 2016 низ фотографии