Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Фото: Официјално отворен Саемот за уметност Ин Ситу

Во Младинскиот културен центар вчеравечер и официјално беше отворено петтото издание на националниот саем за уметност Ин Ситу.

Од 13 – ти до 15 – ти септември во МКЦ во рамки на фестивалот ќе бидат претставени повеќе од 60 учесници и изложувачи од областа на уметноста, дизајнот и архитектурата.

Годинешната ликовна поставка на саемот е курирана од Ана Франговска, поставката за дизајн ја курира Драган Христов, а куратори на програмата за архитектура се Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.

Дел од жири-комисијата оваа година се Небојша Вилиќ, Ана Ивановска Дескова и Мартин Штефенс (Берлин) ќе награди двајца учесници од ликовната поставка со учество на фестивалот за уметност 48 Stunden Neukölln.

На вчерашното отворање музика пред платото на МКЦ пушташе македонскиот диџеј Зоки Бејбе, а доколку не успеавте да го посетите одличниот саем, имате можност за тоа до 15 – ти септември.

 

14 септември 2018

Други галерии

Фото: Журка и позитивни в...

Дождот не му можеше ништо...

Што носеа познатите кај к...

Најубавите фустани за пра...

„Откачена“ фестивалска мо...

Дарко Лешоски вчера разда...