Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Највпечатливите фустани на пост - оскаровската Венити Фер забава

Веднаш по завршувањето на најголемата филмска манифестација Оскарите, голем дел од холивудските ѕвезди се упатија на традиционалната забава на магазинот Венити Фер каде секоја година тие се забавуваат до раните утрински часови.

Голем дел од холивудските дами одбраа сосема нова комбинација од онаа во која ги видовме на црвениот килим пред Долби театарот, во кои блеснаа уште еднаш во најмагичната филмска ноќ.

На традиционалната забава на Венити Фер едни од дамите кои оставија најголем впечаток дефинитивно беа секогаш шармантната Кејт Босворт која одбра фустан во светло виолетова нијанса со цветови во горниот дел, прекрасната Џесика Алба која блесна во бела креација, Даен Кругер која се одлучи за неодолив црвен фустан и неверојатната Елизабет Бенкс која носеше фантастичен бел комбинезон со наметка и прекрасно извезен горен дел. Подеднакво прекрасна беше и добитничката на Оскар, ѕвездата на филмот „Девојката од Данска“ Алисија Викандер, која се појави во црна долга тоалета на Луј Витон во која изгледаше фантастично.

Покрај овие одлични фустани, на пост – оскаровската забава можевме да видиме и неколку вистински модни промашувања, а меѓу првите дефинитивно се најде британската актерка Тенди Њутон која одбра фустан што наликуваше на ноќница, потоа Селена Гомез која изненади со изборот на сребрен фустан, Ема Робертс која носеше фустан што наликуваше на бела мрежа со црни додатоци, тенисерката Серена Вилијамс во белиот фустан од тантела и Гвен Стефани која навистина изненади со нејзиниот лош избор на црвен фустан.

Во галеријата погледнете ги холивудските дами во нивните најдобри и најлоши изданија на годинешната пост – оскаровска забава во Беверли Хилс.

29 февруари 2016

Други галерии

Возбудлива улична мода во...

363 дена чај

Досега необјавени фотогра...

Улична мода: Трендсетерки...

Кога политичарите би биле...

#botovacha по трет пат