Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Вака денеска изгледаат тинејџерите во Њујорк

Ако мислевте дека во продолжение ќе читате за оние богати деца кои обожаваат времето да го поминуваат купувајќи во познатите продавници и трошејќи ги парите на нивните родители, тогаш ве уверуваме дека грешите.

Во галеријата ќе ја видите вистинската слика за тоа како денеска изгледаат реалните тинејџери од Њујорк кои себе се опишуваат како силна младина која цврсто стои на земја и не се плаши од ништо.
Тие не се плашат отворено да говорат за нивната сексуалност и истото не го сметаат за табу – тема. Тие не сакаат да купуваат облека во познати брендови, туку секоја комбинација ја составуваат во second hand продавниците каде има толку многу кул парчиња.

Личниот стил го опишуваат не како нешто што е популарно и тренди, туку како нешто што ги карактеризира нив самите и секогаш говори за нивниот идентитет.

Нивните комбинации се секогаш спој на нивните верувања, вкусот, околината. Преку нив тие секогаш се обидуваат да остават значаен впечаток каде и да се појават и да докажат дека сите се автентични и навистина уникатни.

Сосема на крајот, модата за тоа и постои, нели?

Во галеријата погоре погледнете дел од њујоршките тинејџери и нивните супер комбинации во кои сакаат да ги поминуваат деновите.

 

18 август 2016

Други галерии

Оскаровските Vanity Fair...

Февруарска улична мода во...

„The Bridal fashion night...

Црвениот килим на „Ем-ти-...

Досега необјавени фотогра...

Стилот на Скарлет Јохансо...