Дејвид Боуви Александар Меквин

Боуви го интервјуира Меквин

Интервју со
кога музичар интервјуира моден дизајнер
12 јануари 2017

Во средината на 90-тите години, Александар Меквин беше се што можете да замислите во модниот свет. Интервју во тие славни денови ќе му го направи ни повеќе ни помалку, неговиот идол од детството и модната икона Дејвид Боуви. Помина една година од неговата смрт. Ова интервју е само потсетување за неговите размислувања и како тој умеел умешно да постави прашања на Меквин, кој пак одговара како никогаш претходно. Интервјуто е сработено во куќата на Изабела Блоу, онаа која и најмногу ќе му помогне на младиот Меквин.

Помина една година од смртта на Боуви, ние како моден портал само сакаме да се потсетиме на луцидноста на Боуви и во една сфера наречена интервју.

Дејвид Боуви: Дали си хомосексуалец и дали употребуваш дроги?
Александар Меквин: Да, и едното и другото.
Дејвид Боуви: Кој е твојот избор на дроги?
Александар Меквин: Човекот наречен Чарли!
Дејвид Боуви: Мислиш дека тоа ти помага во дизајнирањето, во твојот пристап кон креирањето?
Александар Меквин: Да, тоа од мојот ракурс во целиот пристап прави да бидам еклектичен. Ми прави да се чувствувам како целиот ум да доживува експлозија .

Дејвид Боуви: Еднаш се сеќавам те замолив да ми направиш специфично палто во одредена боја која јас ја сакав, но ти ми испрати сосема нешто поинакво, во некоја чудна боја и дезен, може да кажам прилично убаво парче, но како би се вклопил корпоративно на пример?
Александар Меквин: Нема да бидам во тој корпоративен свет.
Дејвид Боуви: Тоа значи да имаш понуда дури и од Живанши?
Александар Меквин: О, да!


Дејвид Боуви: Па како мислиш да се снајдеш во едни такви околности кога ќе дојде време за тоа? Се чувствуваш доволно сигурен да поставиш свои правила и услови или?
Александар Меквин: Па ...да! Но, тоа ако не го направам на свој начин, нема никако да го направам. Ако не го прифатат тоа јас што го сакам, тогаш слободно нека си бараат некој друг. Нема да имаат избор практично на крајот од денот затоа што јас работам според моите начела и упатства и ничии други. Звучам како тебе нели?


Дејвид Боуви: Армани или Версаче?
Александар Меквин: Маркс енд Спенсер.
Дејвид Боуви: Ти не си како останатоите дизајнери, твоето чувство за облека е извесен дериват кон нештата кои ги создаваш во модната индустрија. Мислиш дека модата е уметност?
Александар Меквин: Не мислам. Сакам да ги рушам границите, не е тоа некој специфичен начин на размислување, едноставно што е тоа што се случува во тој момент во мојот ум. Можам да бидам секој во својот ум, можам да бидам човек кој носи атомска бомба со себе и така се шетам на улица, да бидам секој оној кој може да го повлече чкрапалото како еден вид емоција во умот. Јас се гледам како уметност, јас го доживувам животот како уметност. Како луѓето ги правата работите, како се бакнуваат.


Дејвид Боуви: Кој е или што е твојата сегашна инспирација?

Александар Меквин: Чекај да размислам. Не знам. Ова е навистина тешко прашање, затоа што од едната страна на мојот ум е се така шарено, а од другата страна е многу жестоко, и секогаш има борба, а избирам толку различни работи. Затоа моите ревии ги запрепастуваат гледачите, затоа што има толку многу конфликт во мојата глава. Но, вистинските влијанија се случуваат тука во мојот ум, од мојата имагинација. Начинот на кој јас практикувам секс или пак замислувам како останатите луѓе водат љубов. Знаеш како, јас навистина имам перверзен ум, исклучителан еротска потсвест поседувам. Не размислувам просечно како секој некој.

Дејвид Боуви: Да,онолку колку јас можам да забележам, сексуалноста игра огромна улога во твојот креативен свет.


Александар Меквин: Веројатно тоа е затоа што тоа е најлошиот ментален пристап кон нештата. Сексуалноста кај поединецот многу зборува, дефинирањето на сопствената сексуалност е индивидуалност. Се она што можеби некого шокира од моја страна е само мој начин како јас ја барам својата љубов. Понекогаш ми се распаѓа мозокот.
Дејвид Боуви: Има нешто паганско во тебе, во твојата работа, ако те споредам со Готие на пример. Твоите дела се многу органски.
Александар Меквин: Возможно. Јас еден дел од своето искуство сум земал и од Маркиз де Сад, затоа што јас за него мислам дека е голем филозоф и човек на своето време, а некои останати го сметаат за перверзник. Јас го сакам затоа што тој ги провоцирал луѓето и тоа ме заплашува, но тоа сум јас. Знаеш како, јас на облеката гледам како на нешто што е едноставен облик на комуникација, облеката нема да ја излечи болеста на овој свет. Јас само се обидувам во мојата облека да се чувствуваат добро, да бидат свои и сигурни, затоа што јас пак од друга страна сум многу несигурен. Да, јас сум навистина многу несигурен човек.


Дејвид Боуви: Па нели сите ние несигурни? Можеш да дизајнираш кола?
Александар Меквин: Дали можам? Ако дизајнирам веројатно ќе изгледам рамно како еден вид коверт.
Дејвид Боуви: Можеш да дизајнираш куќа?
Александар Меквин:О, да многу лесно, многу лесно.
Дејвид Боуви :Дали сликаш или се занимаваш со скулптура?

Александар Меквин: Не, јас купувам скулптури, многу купувам.
Дејвид Боуви: Дали некогаш си работел визуелна уметност?
Александар Меквин: Пред некој ден и тоа го направив. Не знам дали слушна, но тоа беше вода распослана тридимензионално низ ѕидовите, имавме една девојка затворена во стакло со мноштво пеперутки. Целата приказна беше за неа и нејзиното опкружување. Публиката беше задоволна. Беше навистина прекрасно.
Дејвид Боуви: Интересно како ги гледаш работите, нешто помеѓу театар и инсталација.
Александар Меквин: Не го сакам јас театарот, го мразам. Работев едно време во театар, работев костими и за филм .Но во театар ми е ужасно здодевно.

Дејвид Боуви: Добор ама јас не зборувам за една претстава.
Александар Меквин: Знам, ама сакав да ти кажам било како.

Дејвид Боуви:Тогаш смени го светото во еден ритуал.
Александар Меквин:  Да тоа е подобро, ритуал.(се смее)
Дејвид Боуви: Армани рече дека модата е мртва.

Александар Меквин: Ох, па и тој е мртов, тој е Господ па знае дали нешто е мртво или.....

Дејвид Боуви: Сега звучиш како Версаче.

Александар Меквин: И тој е близу до смртта. Никој не сака да носи широки работи, згора на се и волнени, мислам човекот има работено како уредувач на излози. Што знае тој?
Дејвид Боуви:Навистина го мислиш тоа?
Александар Меквин: Изгубен е сосема.

 

Објавено:
12 јануари 2017
Прочитано:
304 пати