Сопственичка на модниот бренд Елена Лука

Елена Лука креираше раскошна колекција венчаници за пролет-лето 2017

Интервју со
Елена Пандева
9 март 2017

Карактер, личен сензибилитет и идентитет се носечкиот императив во дизајнот на венчални фустани на модниот бренд Елена Лука. Веќе со години оваа модна куќа во континуитет креира и посебни линии венчаници, што пленат со својот раскош и автентичност, како препознатлив печат на Елена Лука.

Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на Елена Лука

За претстојната сезона пролет-лето 2017, Елена Лука креираше нова колекција венчаници во која е задржан оној автентичен пристап во креирањето, а е со една посебна и неповторлива естетика која на секоја венчаница и дава единствен карактер, токму како и невестата која треба да ја носи.

„Секогаш внимаваме во пристапот на креирање на венчаниците да се водиме според нашите цврсти принципи на автентичност во дизајнот, изборот на висококвалитетни материјали, карактерот на венчаницата да соодветствува на карактерот на невестата, специфичната и богата рачна доработка која е наш препознатлив печат, имајќи во предвид дека создаваме нешто единствено и неповторливо, за еден навистина значаен момент во животот на жената", вели Елена Пандева, сопственичката и генерален менаџер на модната куќа.

Новата колекција венчаници е олицетворение токму на тие водечки принципи на Елена Лука, почнувајќи од изборот и комбинацијата на материјалите, концептот на изработка, дефинирањето на автентичните форми, финиширањето со секогаш високоестетските рачно изработени детали...

„Колекцијата венчаници за актуелната сезона е една посебна приказна, со многу внимателно и прецизно дефиниран дизајн, а секако доследна на она што е препознатлива естетика на Елена Лука. Изборот на венчаници е навистина богат. Сметам дека невести со различен стилски сензибилитет ќе ја пронајдат својата идеална венчаница во оваа нова линија. Во однос на кроевите, застапени се венчаници во „принцес" варијанта, со корсетиран горен дел и нагласена А форма во долниот дел, романтични венчаници со посмирени силуети што ја следат линијата на телото, венчални фустани во „сирена" крој, како и такви во неконвенционални кроеви за авангардни невести. Исто така на нашите невести ќе им понудиме и една посебна едиција на романтични венчаници кај кои акцентот е ставен на богатите композиции од бисери. Во изработката, покрај бисерите, користени се луксузна тантела, украсни камења, органза, француски тул, со што се добива посакуваната форма и конструкција. ", ни открива г-ѓа Елена Пандева за карактерот на новата линија венчални фустани.

Инаку традиционално и оваа година, новата колекција венчаница на Елена Лука ќе биде изложена во рамките на Саемот за венчавки што ќе се одржува од 17. до 19. март во хотелот „Александар Палас".

„И оваа година Елена Лука е дел од програмата на Саемот за венчавки, каде ќе имаме наш изложбен простор каде сите идни невести ќе може да дојдат, одблиску да ја видат новата колекција венчаници, како и да го облечат на себе својот омилен модел и да го видат својот совршен одраз во огледалото. Со оглед на тоа дека е саем, секако ќе следуваат и многу изненадувања за сите наши идни невести. Затоа со задоволство сакам да ги поканам да присуствуваат на саемот, да го посетат нашиот изложбен простор и верувам дека токму во Елена Лука ќе ја пронајдат нивната идеална венчаница", испрати отворена покана до сите идни невести г-ѓа Пандева.

Елена Лука за својата нова колекција венчаници неодамна реализираше и фото едиторијал во кој како модели беа ангажирани поранешната Мис на Србија, Ања Шарановиќ и нашата  манекенка Сандра Цветкова.

Новите венчаници се веќе достапни во продажба во ателјеата на Елена Лука во Скопје и Струмица.

 

Објавено:
9 март 2017
Прочитано:
3.766 пати