Fashion&Friends: Микс на брендови за луѓе со префинет стил!

Интервју со •
26 ноември 2014

На првиот кат во Сити Мол ќе најдете една од можеби, најразличните продавници во  трговскиот  центар. Токму таму, не само што ќе ве дочека тим од 13 насмеани момци и девојки, туку ќе најдете и светски колекции кои ги нема на ниту едно друго место. Брендот Fashion & Friends во Скопје постои од 2012 – тата година, а денеска може да се пофали со солидна продажба, постојани и верни клиенти, вкупно 12 познати светски брендови, но и парчиња што се наменети за урбани луѓе со истенчено чувство за мода. Преку различните брендови со кои располага продавницата, секој може да го изрази својот личен стил, секогаш да одбере парче за било каква пригода и да ужива во советите што стручниот тим ги има само за него. За трендовите што ќе бидат хит следната сезона, но и за брендовите и мисијата на уникатните Fashion&Friends, разговаравме со шоп- менаџерот Александра Младеновска.

-Кои се Fashion & Friends и колку брендови се составени во понудата?

-Fashion & Friends е продавница на Fashion Group која што постои веќе две години во трговскиот центар Сити Мол. Во неа се состојат повеќе брендови меѓу кои New Zealand, Levi’s, Scotch & Soda и женската линија на брендот - Maison Scotch, потоа Replay, Diesel и нивната женска линија, Boss Orange, Guess Marchiano, Guess Jeans, Desigual, Gaudi, Paciotti и UGG. New Zealand е американски бренд што преферира полежерна облека . Познатиот бренд Levi’s ние го враќаме повторно во мода, но овој пат, она што ние го бираме за кај нас, се малку помодерни работи во појаки и интензивни бои со што целосно се вклопува во концептот на Fashion & Friends. Maison Scotch и Scotch & Soda, се холандски брендови карактеристични по уникатниот изглед. Replay е најпродаваниот бренд кај нас и можеме да кажеме дека носители на целиот бренд всшност, се Replay и Guess, но и Desigual. Diesel – от веќе го работиме втора сезона, а прва сезона со женската колекција. Boss Orange – от ни е онаа поспортска, полежерна варијанта на Boss, додека Guess Marchiano e најелегантната и најатрактивната колекција што ја имаме ние во Fashion & Friends. Guess jeans е онаа малку поспортска варијанта која што исто така има и доста атрактивни парчиња, но не се толку гламурозни како Marchiano. Во однос на Desigual, работиме само со женската колекција, немаме машки парчиња. Ако сакате да бидете уникатни, тогаш нивните парчиња се дефинитивно за вас. Gaudi пак е италијански бренд, за кој знаеме дека е спонзор на повеќе фудбалски репрезентации, но тие имаат и доста елегантна линија и едни од најуникатните парчиња поради додатоците кои се рачно шиени. UGG чевлите веќе знаеме дека се едни од омилените во светот, тие се најтоплите и најудобните чевли изработени од овча кожа и волна. За крај, Paccioti е италијански бренд со производи изработени од кожа со гумен ѓон, удобни, пријатни и модерни во секој случај.

-Колку Македонците имаат навика да купуваат од вакви брендови?

Има одреден процент од македонските купувачи кои навистина сакаат вакви производи и специјално доаѓаат и купуваат и секако, задоволни се од она што им го нудат брендовите тука. Стандардот е најголемиот проблем и само таму е и проблемот всушност, бидејќи ги имаме најубавите и најлуксузните колекции кои што нормално чинат.

-Имаат ли Македонците „око“ за избирање на добри и тренди парчиња?

Да, секако! Повеќето од купувачите знаат уште веднаш откако ќе влезат од врата што сакаат, а оние кои веќе не знаат, влегуваат и прашуваат дали имате нешто за мене и ние секогаш наоѓаме по нешто за нив. Поголемиот дел од тимот тука, има подолг стаж и веќе ги знаеме купувачите и тие нас не знаат и заеднички се договараме што е она вистинското за нив. Имаат чувство за она што е убаво, а следат и мода и модни трендови.

-Трендови за сезонава и задолжителни парчиња...

Задолжителни за оваа сезона се кожените јакни кои што се неминовни и секако, најдобриот џинс кој што го имаме од повеќето брендови. Секако, тука се и фустаните за девојките, како за нивните вечерни, така и за дневните варијанти. Самите брендови што ги имаме ние, содржат буквално комбинации за сите потреби на нашите клиенти, како за вечерни и дневни, така и за бизнис потреби. Секако, понудата на нашите модни брендови има и различни модни додатоци, како чанти, накит, куфери... значи за секоја наша клиентела, има по нешто. Исто така задолжителни за оваа сезона се тексас палтата кои што ги имаме. Тука се и добрите чанти што секако мора да бидат дел од секоја комбинација на една комплетна жена.

-Кое е мотото на брендот Fashion & Friends?

Ние постоиме со мотото дека секоја сезона мора да бидеме подобри од претходната. Тоа е она што дефинитивно не води и се трудиме постојано да се надградуваме и да бидеме подобри. Како што веќе напоменав, сакаме да се доближиме на успехот на другите метрополи и на пат сме кон тоа. Колекциите ги избираме јас и мојот колега Дејан Димитров, се трудиме да се доближиме со парчињата на светските метрополи и таа мода да ја донесеме кај нас за луѓето да можат да си ја набават токму тука.

-Како се подготвувате за празниците и со што ќе ги изненадите вашите клиенти?

Да, веќе е во подготовка новогодишниот излог и новогодишните комбинации кои што сите ќе можат да ги видат веќе од први декември. Излозите до оваа сезона ги уредувавме сами, со помош и правец како сето тоа треба да изгледа, а ние ги вршиме сите подготовки тука. Во зависност од понудата на нашите колекции, така и ги правиме излозите. Секако дека ќе има и попусти за Нова Година, сега не можеме многу да откриваме, но сите оние што ќе ја посетат нашата продавница, ќе се уверат во тоа.

-По што вие се издвојувате од сите останати?

Првенствено, по многуте брендови што ги имаме, по големиот тим од кој се состои Fashion & Friends и по динамиката на работа. Секако, и по нашите најуникатни и најдобри брендови. Тука има да се најде за секого по нешто без разлика на пригодата. Искуството секогаш е незаборавно, убаво и пријатно, а персоналот е тука да ве пречека со широка насмевка!

Спонзорирана објава

Објавено:
26 ноември 2014