Фран Лебовиц: Чевлите на платформа кажуваат дека нешто не е во ред со младите денес

Интервју со •
27 март 2015

FRAN2-articleLarge

Пантолоните за јога ги уништуваат жените“, „Неодамнешното враќање на чевлите на платформа го отсликуваат сето она што не е во ред со младите денес“ и „Мажите во кратки пантолони изгледаат одвратно“ - како и куп други модни критики може да се слушнат од Фран Лебовиц, критичар, писател и влијателен лик и во модниот свет, кој живее во Њујорк Сити. Позната по својот сарказам и без влакна на јазикот, таа ги сподели своите размислувања на тема мода со американското издание на Еlle. .

Дел ви пренесуваме во продолжение:

Не носите униформа во буквална смисла, но со оглед на тоа дека секој ден на себе имате јакна, машка кошула, фармерки, каубојски чизми, два златни прстена и округли очила, може да се рече дека носите униформа. Објаснете ни ја Вашата комбнација...

landscape-1427206255-elle-franlebowitz

-Јакната што ја носам е на Anderson and Sheppard во Лондон. Јас не одам таму, тие доаѓаат кај мене. Вушност ја изработуваат специјално за мене. Има една работа што луѓето не ја знаат, а тоа е: Облеката никогаш до крај не ви е точна, освен ако не е правена специјално за вас. Особено, ако носите машки парчиња, како мене. Американските жени мислат дека облеката е точна, ако успеат да влезат во неа. Но, тоа не е целосното значење на „точна големина или величина“. Маиците што ги носам се од еден бренд Hilditch and Key што го има во Париз и Лондон, но не и тука. Не знам зошто го нема, но знам дека имаат одлични машки маици. Не секогаш прилегаат многу точно, но не се оптоварувам со тоа дали маицата совршено ми стои. Сите јакни и сакоа што ги имам се направени по нарачка, но никогаш не сум порачала маица. Сум ги скратувала, за да не ми висат купишта материјал на закачалка.

dr4f6ol24kgdk4do

Со оглед дека очилата се еден од нејзините препознатливи знаци, критичарката  вели дека наметнала тренд.

-Се чувствувам многу моќно бидејќи речиси целиот град ми ги „копира“ очилата. Отидов на едно модно шоу за време на модната недела и сите ги имаа моите очила. А сè започна вака: Пред неколку години децата, односно моите пријатели меѓу децата почнаа да ме прашуваат: „Фран, од каде ти се тие винтиџ очила?“ И јас им велев дека не се винтиџ, само ги поседувам долго време. Тие се винтиџ во онаа смисла во која што сум и јас самата. Не ми пречи тоа што сите ме копираат. Имаше период кога сите ги носеа тие црни долгнавести очила. Овие, моите, се подобри. Во мојата колекција очила имам такви што се многу слични на оригиналните, речиси како оригиналните и отприлика како оригиналните. Овие што ги носам во моментов се направени по нарачка, а јас не прашав колку чинат, што беше луд чекор, бидејќи чинат толку многу што никогаш повеќе не побарав да ми направат очила. Се истрауматизирав од цената.

Па, ќе кажете ли колку чинеа?

-Не. Престрашена сум.

Но, можеби во споредбена форма. На пример, моите рамки за очила чинат колку...?

-Еден автомобил.

gallery-1427214857-elle-fran-lebowitz-comp

Не ни откривте ништо за џинсот и чизмите што ги носите...

-Носам многу стари каубојски чизми, затоа што денес ќе врне. Но, кога бев помлада носев чевли што ги правеа во New England, од брендови што веќе не постојат.  Потоа, на глуждот ми се појави коскен израсток, за кој нема лек и не можев да одам, бидејќи е многу болно. Докторот ми кажа дека би ми помогнало да носам чевли со потпетица, на пример какви што се каубојките. Си реков, супер, бидејќи ќе изгледам и повисоко. Затоа си порачав каубојки. Многу е тешко да се најде некој што ги изработува. И нема да го кажам неговото име, затоа што не сакам да дознаете колку чинат. Имам еден чифт одлични, речиси нови, два што се искинати од носење и имам едни што ги чувам за дожд.

Дали отсекогаш носите ист модел фармерки?

fran-lebovic

-Секогаш носам 501 Levi’s. Ги изработуваа во Сан Франциско. За секој модел, големините беа унифицирани, што звучи логично. Но, ќе се изненадите дека, после некое време, кога почна глобализацијата, почнаа да ги изработуваат во Мексико, по што броевите веќе не беа унифицирани. Исто така, сега чинат помалку, што нема логика. Посакувам недвижнините да беа поевтини, а облеката поскапа. Но, младите луѓе сакаат маица од 2 долари, што ќе им се распадне при перење. Луѓето денес многу повеќе се грижат за трендовите, отколку за стилот. Толку се врзани за она што моментално се случува, па забораваат како треба да се облечат и никогаш не успеваат да научат кои се, бидејќи никогаш не учат како да се грижат за работите. Луѓето од мојата генерација учеа како да ја одржуваат облеката, како да ја перат и да се грижат за неа, така што тоа и јас го практикувам. На пример, кога ќе дојдам дома, веднаш ја ставам јакната на закачалка. Ако надвор е многу топло ја ставам во бањата, за да може да „излезе“ мирисот од надвор, а потоа ја складирам. Тоа е првата работа што ја правам. Потоа ако планирам да ја носам истата маица и вечерта, ја закачувам и неа, а за дома облекувам една стара, со дупки на неа. Уште од средно училиште ми е и ја сакам бидејќи е моја и затоа што никогаш никој не ме видел во неа. Еднаш неделно ги полирам чевлите. Фармерките ги перам во машина, а облеката секогаш ја носам на хемиско на најскапото место. Искрено, ретко го практикувам тоа , не само поради фактот дека е лудачки скапо, но и поради тоа што кој знае што ѝ прави хемиското чистење на облеката?

Fran-Lebowitz

Како го пронајдовте Вашиот моментален стил?

-Мислам дека отсекогаш го имав, но мојот вкус стана поскап. Една од најголемите разлики од времето кога бев млада е што тогаш носев џемпери, особено оние со копчиња. Ги комбинирав со маица и фармерки и така секој ден. И во 20-тите одлучив дека тоа е премногу детско. Па, сите мои прекрасни џемпери ги подарив. Сините фармерки се исто така детски. Но, за среќа сите од мојата генерација продолжија да ги носат.  Инаку, тогаш возрасните не носеа фармерки, дури ниту мажите, освен ако не се градежни работници. Само тинејџерите ги носеа. Но, претпоставувам мојата генерација одела со ставот:„Ќе ги носиме, додека не умреме, бидејќи сме многу блиску до тоа“.

Покрај џемперите, постои ли уште некој период во животот кога постојано сте носеле некое праче, за кое сега би кажале: „Не ми се верува дека го носев тоа“?

Fran Lebowitz Holding Cigarette

-Не ја сакав модата од 1960-тите воопшто, така што не. Можеби само војничките јакни. Сè друго не ми се допаѓаше. Кога првпат ги видов чевлите на платформа во 1970-тите, знаев дека се „оживеани“ од 1940-тите и ми се смачи. И не знам од која причина, но тие постојано оживуваат. На модната сцена се враќаа четири пати. Би сакала да им дозволиме да умрат. Тие сакаат да умрат. Беа ужасни тогаш, ужасни се и сега. Но, претпоставувам дека продолжуваат да ги прават поради тинејџерките, бидејќи тие кога ќе ги видат, си викаат: „Вау, тоа е храбро!“. Ако сега би имале 18 години, веројатно ќе мислевте дека вие сте ги откриле чевлите на платформа. Ќе мислевте дека правите нешто ново. Ќе мислевте дека сте измислиле нешто толку грдо, што за вас е сепак убаво. Кога ние бевме млади, ги познававме работите. Ја знаевме основната историја, па дури и ако се работи за мода. Сега, кога нешто повторно се појавува на модната сцена, 18-годишните немаат поим дека тоа е „оживување“ на нешто, дека не се појавува за првпат. Покрај фактот дека се постојано онлајн, тие не ги разбираат референците. Мислам дека тоа е една од причините поради која визуелните нешта стануваат толку копирани. Дизајнерите сега, кога ќе им дојдат идеи, ги претставуваат визуелно и ги закачуваат на табла или ѕид, мислејќи дека тоа е инвентивност, дека откриле нешто. Но, тоа би било исто како секој писател да земе за секој пасус така да става  реченици, малку ќе земе од еден автор, малку од друг... Но, тоа не се идеи, тоа се украдени идеи.

Fran-Lebowitz

Се прашувам, која е поентата да сте млади, а да не правите нови работи? Нивна работа е да бидат иновативни. Затоа и се тука. Мислам дека сепак, некој од мојата генерација треба да ги погледне младите и тоа што го носат и да им каже: „Што е побогу тоа?“. Главната разлика помеѓу младината денес и кога јас бев млада не е толку во стилот, колку во односот со родителите. Нивните родители многу повеќе личат на нив, отколку што нашите личеа на нас. Нашите родители не ни беа пријатели. Не ни одобруваа сè. Се грижеа за нас, за тоа како се однесуваме, не како се чувствуваме и не за тоа што ние сакаме. Но, сега ги гледам моите пријателки со нивните 30-годишни деца како зборуваат на телефон  за чувства.

Сметате ли дека тоа влијае и на модните избори на оваа генерација?

-Поради Интернетот, сите ги гледаат истите работи. Можеш да купиш облека од Њујорк иако не живееш таму. Повеќе луѓе би требало да се облекуваат како ние во Њујорк. Не дека сите тука изгледаат одлично, но ќе имате добри шанси. Морам да кажам дека една од најголемите промени што сум ги видела во мојот живот е феноменот кај мажите на носење шорцеви. Кога јас бев млада, мажите не носеа шорцеви.  Има неколку работи што би сакала помалку да ги гледам, да бидам искрена. Ова е една од најужасните промени досега. Одвратно е. Кога ќе видам некој таков да ми приоѓа од спротивен правец, тоа е како граната да оди на мене. Возрасните мажи во тоа изгледаат смешно. Изгледаат како деца и не можам да ги сфатам сериозно. Исто и со панталоните за јога за жени. Тоа е уште еден начин да носите пижами. Мора да бидете природно многу убави за да се извлечете со таква облека на себе. Па, ако сте природно многу убави, носете што сакате, но тука спаѓаат само 0.1% на луѓе. Повеќето не изгледаат доволно добро за дополнително да носат такви работи. Смешно е што многу луѓе мислат дека изгледаат фантастично, бидејќи носат облека што би требало да ја носат само оние што навистина изгледаат така. Во тој контекст, кога шетате низ Њујорк, ќе помислите дека жените имаат грди огледала дома.

1FL

Во ред, ќе Ви кажам некои имиња, а Вие кажете ми дали тие заслужуваат друго огледало. На пример, Мајкл Џексон.

-Танцував со Мајкл Џексон. Мојата најдобра пријателка Лиса Робинсон го познаваше уште од времето кога беше дете. Па, така ме запозна со него и тој ме покани да танцуваме. И јас танцував. Бев одличен танчер. Не толку  како Мајкл, но добра бев. Не се сеќавам што носеше. Не ми беше гајле.

MJJ-michael-jackson-style-34091501-803-1000

А Доли Партон? Што мислите за нејзиниот стил?

-Добро е што таа измисли стил за себе и знае да го носи. Никогаш не морате да сте како Доли. Есткремноста, нагласената женственост за многумина не е изглед што се посакува. Освен за трансвеститите.

dollyparton3

А Хилари Клинтон?

-Мислам дека нејзиниот недостаток на стил доаѓа природно. Навистина мислам така. Таа нема стил. Секако, има милиони луѓе како неа, само разликата што најголемиот број од нив не ги гледаме постојано. Не мислам дека начинот на кој изгледа, не би го нарекла ни стил, ѝ е наметнат. Да, постојат одредени параметри за тоа како треба да изгледаат жените во јавност, но не мислам дека во Хилари Клинтон се наоѓа една Џејн Биркин што чека да излезе и да се покаже. Дури не мислам дека на Хилари многу ѝ е гајле. Мислам дека не е заинтересирана многу и за тоа како ѝ изгледа домот, од каде е мебелот, мислам дека нема визуелни интереси. И тука нема ништо лошо. На пример, на мажите што не се грижат за својот изглед им аплаудираме и велиме дека не се површни. Јас на пример, сум длабоко површна.

hillarymain

Многу е важно како ја носите облеката. Тоа е вежба, не талент. Тој што знае како да ја носи облеката ќе изгледа добро било што да облече. Токму тоа се случува и за време на Оскарите, кога ги гледате прекрасните актерки во убави и скапи фустани, а тие се однесуваат како да им е гајле што го носат тоа на себе. Не секоја жена е убава, но може да изгледа фино и привлечно. Кога се чувствувате добро во тоа што го носите, тоа е всушност појдовната точка за еден аутфит да стане добар.

Објавено:
27 март 2015