Интервју Јелена Вишниќ: Српска блогерка и професорка која ги освои симпатиите на светските модни уредници

Интервју со •
22 септември 2014

2014-та година за неа се покажа како доста успешна со многу возвишени достигнувања што секој би ги посакал упатени јавно во вид на комплимент и признание за уникатен стил, посебно од најуспешните чии делувања секогаш се испишуваат во суперлатив.  Името Јелена Вишниќ од содржините на Fashionel  досега сте имале можост да  го сретнете од неколку наши содржини. Тематиката беше  токму нејзината уникатност, креативност, шарм и изразено чувство за модна естетска слика, која ја  препознаа големи модни ветерани. Една од нив е  уредничката на италијанскиот Вог, Франка Соѕани, која одлучи фотографии на Јелена да постави на страниците на реномираниот Вог. Претходеа и успесите за најдобро облечена жена од  раководството на престижниот интернационален моден магазин „Vanity Fair“, за кои пак’  стана главна миленичка од страниците на неколку изданија.

 

Кога модата е секојдневие, пасија што изнудува аспирации кон успех , постигнати со максимален ентузијазам, позитивниот резултат е неминовен. Токму тоа се референците на младата и успешна блогерка од Белград, Јелена Вишниќ чиј моден блог Диотима кој неодамна прослави две години постоење и го презентира својот префинет бохо-шик стил, се најде на поширока популаризација  прку низа новинарски публикации за нејзината успешност. Иако примарна професија и  е професор по англиски јазик, за Јелена иста хиерархиска положба има и модниот блог Диотима за кој се вложува со голема енергија и посветеност. За професионалното занимавање со модно блогерство ќе каже дека навистина бара и време и пари, но пак се води по траекторија дека „кога се сака се сè може“.

 

photo: Shavi Lavi photo: Shavi Lavi

Дека  моден блог како форма во регионот се уште е хоби, Јелена се потруди тоа да го измени. Таа пред се  преку својот блог укажува на тоа дека стилот не подразбира многу пари, купува и парчња од „секнд хенд“ продавници, преку стајлинзите ги инспирира своите следбеници, ги промовира модните креатвци и дизајнери, фотографира улична мода. И тоа не е се. Од неодамна Јелна парчињата кои ги објавува на блогот, а се купени за неа, но не ги облекла или пак се парчиња што ги добила промотивно, таа ги продава онлајн, а заработката ја донира во хуманитарни цели. Иако блогот Диотима функционира само две години, за неговата креатвна авторка има доста да се пишува. Токму за тие нејзини достигнивања, искуства размислувања за блогерството и неговиот фитбек, стилот и модата, поразговаравме со Јелена која и овој пат нерезервирано отстапи време за Fashionel и читателите.

Како почна, како се разви и како замислуваш да кулминира твојата активна ангажираност со модното блогерство. Колку идеите преминаа во поинакви насоки од пред две години откако доби дополнитена  мотивација од реномирани модни магазини?

-Блогот Диотима  почна како хоби и се развиваше како таков, но сега веќе е наметната идејата да стане моја професионална преокупација. Ја сакам мојата примарна професија на професор и тешко ми е да се откажам. Така да, доста размислував во текот на летото и мислам дека го најдов вистинскиот начин како да бидам посветена и на едното и на другото, но вие ќе бидете тука за да оцените дали ми оди од рака. Само ќе кажам едно, ќе има многу соработки. Идеите  со кои го започнав блогот останаа непроменети и отсекогаш ми биле клуч за искрено да уживам и страствено да работам на Диотима  и да го споделувам тоа со луѓето.

Да се биде во трка за најдобар стил на интернационално ниво и да се освои врвот претставува уважување за секого. Колку се зголеми  самодовербата за личниот моден идентитет ?

-Признавам дека влијаеше и тоа како. Како професор имам повратна информација дали добро работам кога на студентите ќе им дадам тест и ќе видам колку напредувале. Во модниот свет јас се класифицирам како ученик и во овој стадиум и ми е многу драго кога гледам резултати што покажуваат дека напредувам.

Кога во светски рамки модното блогерство функционира на професионално ниво, а во регионот најчесто само како хоби, е лесно или тешко да се издвоиш од останатите и кој е примарниот чекор потребен за професионална соработка, афирмација и популаризација на блогот?

-Уф, добро прашање. Ќе се ограничам на сопственото искуство. Мојата прва голема соработка беше со модната куќа „Passage“. Кога ми се обратија, блогот немаше ни година дена постоење, а само пет месеци функционираше „фан“ страната на Фејсбук. Главното правило уште од самиот почеток ми е да промовирам исклучиво она што јас го сакам и сакам да го носам. Впрочем, и нема потреба повеќе да се комплицира. Во случајот со „Passage“, носев нивна креација на само една објава. Нивниот ПР тоа го забележал и ми понуди да работам на едиторијал за нив. Секој што посакал соработка со мене ми кажал дека тоа е поради начинот на кој комуницирам со публиката, поради непосредноста и поинаквиот стил, како моден така и фотографски. Заклучокот е, бидете доследни и бидете свои, бидете искрени. Луѓето ќе ве забележат , ќе го видат трудот кој го вложувате. Популарноста потоа сама ќе дојде, секако ако имате добра база.

Кога би се пресметално квантитативно, колкава влијателна улога за популарност имаат социјалните мрежи, а колку индивидуалноста од она што се претставува?

-Надоврзано од она погоре, што се однесува на социјалните мрежи стојам зад тоа дека индивидуалноста е главна, но тие се неопходни за кругот на модното блогерство да се затвори. Клучните мрежи за блогерството секако се Фејсбук и Инстаграм, како и блогот.

Од неодамна Диотима има дополителна рубрика каде може да се погледнат фотографии од улична мода. Колку низ улиците ја препознаваат Јелена, сакаат да се фотографираат и да бидат дел од твојот блог?

-Кога некој ќе ме препознае на улица, секој пат се изненадувам и збунувам и кој знае каква фаца правам. Верувајте, мене тоа ми е многу чудно, зашто кога ќе ми се обрати некоја девојка чие лице не го препознавам, јас почнувам да паничам бидејќи мислам дека тоа е некоја моја поранешна колешка и дека треба да го знам нејзиното име. На крај памет не ми доаѓа дека некој ќе ме застане поради Диотима! До сега не ми се случило да не сакаат да се фотографираат, но доста девојки ми праќаат пораки дека сакаат да се запознаат со мене.

Новитет е и рубриката “Kupite moju buvljak odeću” каде продаваш парчиња облека употребена само за фотосесија или пак такви добиени промотивно. Колку има интерс за истите и за тоа дека собраните сретства одат во хуманитарни цели?

-Всушност, облеката што ја продадов во добротворни цели, не беше промотивна тука ја купив лично за мене, а не ја облеков или пак тоа се случило само еднаш. До сега собрав неколку илјади динари, а наскоро планирам да организирам уште една распродажба во која овој пат ќе вклучам и обувки.

Колку српските дизајнери, комерцијални брендови и модни креативци се расположени за соработка и како таа се одвиваше во текот на досегашното функционирање на блогот?

-Секој пат кога сум се обратила за соработка некому, никој не ме одбил, напротив. Секогаш претставувало универзално задоволство, без исклучоци.

Бохо- стилот е водечкиот од Диотима. Кој е клучот на успешно изградениот бохо изглед?

-Желбата за играње и опуштениот став, а боемскиот стил е став кон животот. Но, ако зборуваме од моден аспект, клучните парчиња кои придонесуваат за комплетниот имиџ се на пример тантелните кошули или фустани, Левис џинс, кожени чизми, пердуви, реси, многу прстени и алки. Секако, волуменозна фризура и благо нашминкани очи го финализираат бохо изгледот.

Винтиџ гардеробата почесто го има акцентот од твоите комбинации, но покрај нив кои летни тренди парчиња ја обележаа сезоната?

-Во текот на претходните летни месеци се почувствува значајно присуство на бои и ведрина од принтови и текстури, а ако се концентрираме на светските трендови, би кажала дека тоа беа кратките топови, миди здолништата, транспарентната маичка и спортските пуловери.

Кои се најзначајните парчиња облека во твојот гардеробер и каков е деловниот стајлинг на Јелена, со оглед на тоа дека работите во образовна институција?

-Супер, за ова никој не ме прашал досега! Па вака. Што се однесува на најзначајното парче, тоа е еден син фустан од Designed by. Немав доволно пари да го купам, односно имав само половина од цената. А многу сакав да го имам. Кога влегов во продавницата видов дека постои можност да го добијам со 50% попуст, ако на наградна игра го извлечам тој ваучер. И замислете тоа се случи! Од стотина ливчиња, го извлеков баш тоа и можев да си го дозволам. Го сакам, бидејќи ме потсетува дека чудата навистина се случуваат кога силно ги посакувате. Што се однесува на мојот стајлинг за на работа, отсекогаш бил таков да се разликува од оној на блогот. Најпрвин ми е важно да пренесам знаење, а потоа да размислувам за облеката. Но кога веќе ме прашувате, тогаш ќе кажам дека секогаш сум пристојно облечена, а винтиџ и бохо комбинациите ги чувам за своите лудории надвор од училница. Можеби бидејќи сум близнак во хороскоп, но не ми е тешко од формалните стајлинзи модно да „жонглирам“.

Колку ја познаваш македонската модна сецена или пак работата на одреден  македонски дизајнер?

-Го следам српскиот блог „Amo Lusso“ и оттаму можев да се запознам со македонската модна сцена, а потоа продолжив и сама да истражувам. Многу ми се допаѓа универзалниот дизајн на Елена Лука, носливата елеганција на Антонија Ристовска и креациите на Тања Кокев. А паметам дека неодамна кажав „wow“ на капутите на Александра Митковска.

Бидејќи сме во преодна сезона од лето во есен, какви стилски промени ќе претппи твојот гардеробер?

-Како доаѓа есента и ја се насочувам поинаку, односно кон едноставните стајлинзи. Планирам да одам во шопинг за повеќе есенски парчиња како ролки во неутрални бои, панталони со висок струк и класични. Нажалост, сега во гардероберот не поседувам ништо од тоа.

Како би ги советувала блогерките што тежнеат кон професионалност?

-Одговорот ќе го фокусирам исклучиво на моден блог, бидејќи постојат многу видови блогови. Добрата опрема, добар фотограф и честа и искрена комуникација со читателите помага најмногу. Почнете со било каков апарат, но доколку сакате професионалност би ви препорачала да земете опрема заради квалитетот на фотографиите. Која работа и да ја работите во животот најважно е да ја сакате. Истата ситуација е и со блогерството. Само преслушувајте се себе си и чекорите што ги правите. Во светот големите модни куќи многу често соработуваат со блогерки на едиторијали , а тоа е така дека повеќе им се исплатува да платат две-три личности наместо цел тим, а за возврат добиваат феноменално дело и лавина публика. Мислам дека најпосле и во регионот ќе почне да се исплатува она што го работиме со комплетен професионален пристап. Но, треба уште време да тежнееме и работиме кон остварување на истото.

Моден блог Диотима

Објавено:
22 септември 2014