Шеф

Искусете ја највкусната празнична кујна во FOUR

Интервју со
Константин Катафај
28 декември 2016

Едно од најпријатните и најшармантните места во Скопје кое сведочи за многу нови пријателства, семејни приказни и културни случувања, измешани со неодоливите мириси на фантастичните кулинарски специјалитети, е лаунџ барот FOUR.

Во овој празничен период тука се чувствува посебна новогодишна магија зачинета со префинета музика, совршен амбиент и специјално Новогодишно празнично мени.

Имавме привилегија еден ден да влеземе во кујната на FOUR и да се дружиме со целиот тим заслужен за фасцинантните уметнички дела сервирани на маса.

Специјално за нас го подготвија најбараниот специјалитет за овој период, „пилешко на американски начин", а во меѓувреме додека се подготвуваше храната, имавме можност да поразговараме и со Константин Катафај, главниот шеф на кујна со богато искуство зад себе.

Благодарение на Вашата професија, пропатувавте низ различни светски кујни. Како се случи соработката за Ваша следна дестинација да биде кујната во ресторанот FOUR во Скопје?

-Јас сум специјалист во рамките на хотелиерскиот – ресторански бизнис и последните десет години отворам ресторани и хотели „од нула", го обучувам персоналот, го создавам концептот на кујната, се занимавам со иновација... Овој ресторан е единствен на Балканот во однос на површината и концептот. Се простира на површина од 1000 м2, а е концепиран како "fine-dining lounge". Ме повика предизвикот. А јас сум авантурист. 


Како изгледа еден Ваш работен ден помеѓу сета таа мешавина од вкусови и мириси во кујната на FOUR?

-Со оглед на тоа дека FOUR работи 24 часа, мојата задача е да ги контролирам сите процеси во однос на подготовката и производството на храната. Шефот со текот на годината се навикнува на сите тие мириси и вкусови, и ја работи својата работа со „ладна глава". И без многу да ја вкусува храната.

Која е Вашата омилена кујна и зошто?

-Верувале или не – Корејската. Таа кујна имав прилика да ја запознаам во 2007-08 година во Сеул. Дел од оваа кујна е слична со Српската, особено кога се во прашање колбаси, храната која вклучува свинско месо и кисела зелка. Поголем дел од храната е лута, а со секоја храна се служи и варен ориз. Кога јадам храна од Корејската кујна го имам она чувство кога јадам лути крилца и пијам ладно пиво. Навистина интересно доживување на храната.

Откријте ни кој е „тајниот" зачин на вкусната храна што Вие ја подготвувате?

-Тајниот зачин е да се разбере локалниот вкус на луѓето кои живеат овде. Главната фора е да сфатите кои зачини и намирници ги користат луѓето тука. Пред да го дефинирам менито на FOUR, јас ја истражував македонската кујна, така што во менито имаме на пример брускети со грав и колбаси, палента со овчо сирење од Лазарополе итн. Гостите се воодушевени токму од оние вкусови што им се познати, а храната е сервирана на модерен, светски начин...

А додека бевме во кујна и се подготвуваше омилениот рецепт на гостите во FOUR, „пилешко на американски начин", поразговаравме и со другите готвачи кои ни открија дека за да се биде добар готвач, незаменливо е значајна љубовта кон храната, колективното чувство како и желбата за нови идеи и рецепти, но и многу, многу работа.

А ние како сведоци на нивната работа, може само да потврдиме дека навистина е така.

New Year menu

Starters
- Appetizer (Filadelfiya sushi roll, tuna-cucumber roll)
- Four SNECKS (mozzarella cherry tomato skewers, grilled salmon skewers, stuffed squid , stuffed olives, arugula cheese salad)
- Macedonian meze (goat cheese, domestic cheese, weal prosciutto, olives, aivar, pindzur)
- Salad – ( seafood and aysberg salad with mango deep )
Hot appetizer
- Volouvant with cheese fondy and chicken cubes and grilled bananas
Main dish
- Wellington beef with apples pure and Port vine sauce
- Salmon- prosciutto baby spinach baked roll with saffron risotto
- Baked porcini in tomato sauce with truffle oil
Dessert
- Flambéed Chocolate ball with pistachio ice-cream and almond praline

 

Објавено:
28 декември 2016
Прочитано:
1.143 пати