Изабел Марант – Мојот живот е постојана трка со времето!

Интервју со •
27 септември 2014

Брендот прво беше лансиран во 1990 година но под името „Twen“ за во 1994 година да биде променето во Изабел Марант, а во светски рамки најпознат е по патиките на висока потпетица кои познатите дами ги обожаваат. Првата ревија е одржана во 1995 година, а речиси дваесет години подоцна реномето на брендот успеа да одржи континуитет во модната индустрија. Во продолжение прочитајте го краткото интервју за дизајнерката која е „виновник“ за успехот на брендот.

Луѓето се опседнати со вашите дизајни. Која е тајната на успехот?

Изабел Марант: Никогаш не сум задоволна со креацијата, туку размислувам дали тоа парче е нешто кое би сакала веднаш да го облечам.

Вистина ли е дека сокот од моркови ви помага за одржување на тенот?

Изабел Марант: Вистина е. Приметив дека честото конзумирање на чаша сок од моркови влијае во одржувањето на потемниот тен, но тоа не значи дека имам некои ритуали околу неговото конзумирање.

Позната сте по тоа што ги советувате жените да ја негуваат природната убавина. Но кои се вашите секојдневни ритуали за нега и убавина?

Изабел Марант: Бидејќи годините со себе носат промени во однос на косата и кожата, а јас мразам да посетувам козметички и фризерски салони, имам свои начини на негување. Одржувањето на физичкиот изглед е битен, па токму затоа ги користам скалите наместо лифтот. Секое утро го масирам лицето со крема која ја користам откако знам за себе, а за косата користам шампони на органска база и во текот на летниот период ставам маска од лимон за освежување на бојата и зацврстување на влакното.

Дали сте суетна?

Изабел Марант: Не, ја мразам суетноста!

Кога бевте малечка, што сонувавте да станете кога ќе пораснете?

Изабел Марант: Вулканолот бидејќи бев импресиониранана од работата на Haroun Tazieff. Моќта на природата и убавината на вулканите отсекогаш ме импресионирале.

Кој ви е омилен филм?

Изабел Марант: „The Party“ со Питер Селерс. Се смејам секогаш кога го гледам.

Дали патите од некоја фобија?

Изабел Марант: Се плашам од влакнести пајаци, но сметам дека не ми претставуваат фобија.

Што не би носеле никогаш?

Изабел Марант: Долги шпицести чевли.

Што мислите за трендот на избегнување на носење долна облека?

Изабел Марант: Ги обожавам женските нозе, но овој тренд изгледа убаво само на страниците на магазините.

Каква музика слушате?

Изабел Марант: Обожавам да пеам иако немам талент за тоа, но затоа секогаш одбирам музика која ме инспирира. Во моментов тоа е музиката на Конан Мокасин.

Дали поседувате некои скриени таленти?

Изабел Марант: Добра сум во заварување.

Кое парче би го купиле доколку имате ограничен буџет?

Изабел Марант: Фармерки со машки крој.

Незаменливо парче?

Изабел Марант: Кожена јакна

Што ги изненадува луѓето кај вас?

Изабел Марант: Тоа што возам скутер и викендите ги поминувам во колиба без струја и вода.

Со што сте опседната?

Изабел Марант: Со времето! Ми се чини дека постојано доцнам и мојот живот изгледа како да сум постојано во трка со времето.

Кое ви е омилено животно?

Изабел Марант: Немам омилено, туку општо ги сакам животните и начинот на кој се водат според своите инстикти.

Дали некогаш сте носеле парче облека за кое подоцна сте зажалиле?

Изабел Марант: Да и тоа најчесто се случува кога сум несигурна во себе и кога се обидувам да бидам нешто што не сум.

Вашиот сопруг Jérôme Dreyfuss е исто така дизајнер. Какво е чувството да се има модно семејство?

Изабел Марант: Прекрасно е да се живее со личност која ве разбира, особен во однос на стресната работа и ноќите поминати во студио. Но затоа кога сме дома, не дискутираме за работните обврски.

Дали вашиот син покажува интерес за модата?

Изабел Марант: Не би кажала дека е заинтересиран за модата, но има одлично чувство за естетика.

Дали сте размислувале за промена на името на брендот?

Изабел Марант: Навистина ми беше тешко да го задржам сопственото име бидејќи „marrant“ на француски значи „смешно“, но на крајот на краиштата тоа е моето име.

Објавено:
27 септември 2014