Јелена Спенџарска: Коментарите за изгледот упатени од девојки ми се секогаш подраги

Интервју со •
18 август 2014

Таа е наша верна читателка и соработничка, а со тоа автоматски и страствен љубител на модата. Кога ќе се спомене нејзиното име прва асоцијација е шопингот, токму поради улогата на шопингхоличарка што ја имаше во музички спот. Водителката Јелена Спенџарска и приватно гаи пасија кон модата, тенденциите, уличниот стил и се она што се поврзува со модната естетика и креативност. Со неа поразговараме за тоа како ги поминува топлите летни денови, ни ги откри омилените стилски комбинации и ставови, а притоа содели и некој совет во однос на тоа како таа ги доживуваа актуелните летни трендови и нивната примена.

Ова лето Јелена одморот го помина во Албанија, а како вистинска стилска девојка таа вели дека однапред подготвува по неколку чифта од омилените парчиња облека и аксесоари за комплетно модерно летно уживање.

-Неколку дена пред одмор знам да анализирам што точно ми треба пред да тргнам во пазарење. Секоја година купувам по неколку чифта бикини и никогаш не тргнувам без многу марами, шешири, очила за сонце, апостолки и рамни сандали, а што се однесува на гардеробата секогаш на одмор практикувам да носам кежуал облека како долги здолништа и фустанчиња, кратки џинс панталончиња, неколку кафтани и маички. Не преферирам накит на плажа, но затоа секогаш носам добра книга и неколку модни магазни. Јас не сум јас, ако во една сезона не купам минимум пет чифта бикини. Омилени ми се оние со животински принт, но сакам да комбинирам и контрасни бои од горниот и долниот дел, вели Јелена.

Но, парчињата облека и аксесоари за неа не се пресудни за комплетен изглед, бидејќи за да се изгледа одлично на плажа и за да се износи костимот за капење во најдобро светло, потребна е рутина во спортувањето и секојдневно посветување на вежбите за телото.

- Секојдневно по два часа дневно поминувам на кејот на Вардар. Трчањето многу ми помогна да го дефинирам телото и да го намалам вишокот килограми. За два месеца успеав да намалам 9 килограми и сум многу задоволна од мојот сегашен изглед. Топло им препорачувам на сите девојки и жени да не го запостават спортувањето, тоа е клучот за позитивна енергија и исполнетост. Колку и да ви изгледа тешко, тоа ќе  премине во навика, а резултатите само ќе ве мотивираат. Бидете во трка по витко тело, трка која самодовербата ќе ја крене до облаците. Секако, спортската опрема е задолжителна, зашто и додека спортуваме треба да изгледаме средено, а тоа не вклучува шминка и фризура туку соодветна спортска облека, советува Јелена.

Во однос на летните базични парчиња што се наоѓаат во нејзиниот плакар, тие  стилски се движат во рамките на бохо и кежуал стилот. Сепак, Спенџарска не смета дека слепо ги следи трендовите, туку го носи она што и прилега на нејзината телесна конституција.

- Најважно од се е како се носи облеката, а не обратно. Таа најмногу зборува за Вас и кога молчите. Најголем комплимент за мене е кога девојки ќе искоментираат дека одлично изгледам, а комплимет од девојка е секако посладок од оној на момците, барем за мене. Но, и јас сум од оние девојки што се жалат дека немаат што да облечат, сепак кога ќе подразмислам подобро, проблемот никогаш не е во немањето гардероба, туку недостиг на инспирација. Оваа летна сезона најмногу ми се допаѓа коженото „пенкало“ здолниште во комбинација со краток топ во впечатлива боја, но  и за таквата комбинација како и за сите други важно е да знаеш како да го носиш. Не ми се допаѓа кога ќе видам девојки со конституција што не дозволува одредени трендовски парчиња како краткиот топ, или пак моментот што се уште се носат силиконски прерамки и пренатрупани циркони како детаљ. Иако се потпираме на тоа дека се е работа на вкус, но некогаш ова правило едноставно не важи, завршува  водителката.

Во продолжение погледнете ги омилените летни стајлинзи на Јелена кои преку фотографија го опишуваат она што таа го сподели со Вас во интервјуто за Fashionel.

Љубител сум на долги и широки здолништа во впечатливи бои зашто се многу пријатни за носење и се доста маркантни во колор-блок комбинација. Жолтата мала чанта сметам дека е одличен детаљ кој придонесува за комплетен летен изглед Љубител сум на долги и широки здолништа во впечатливи бои зашто се многу пријатни за носење и се доста маркантни во колор-блок комбинација. Жолтата мала чанта сметам дека е одличен детаљ кој придонесува за комплетен летен изглед

Бојфренд фармерки споени со кратка принт маичка од пастелни нијанси. Ваквиот крој на фармерки барем за мене создава идеален спортско-женствен изглед и секако стајлинзите комплетирани со нив ми се посебно драги Бојфренд фармерки споени со кратка принт маичка од пастелни нијанси. Ваквиот крој на фармерки барем за мене создава идеален спортско-женствен изглед и секако стајлинзите комплетирани со нив ми се посебно драги

Во однос на ваквиот модел кратки панталони ги имам неколку чифта, а ми се допаѓаат бидејќи ги истакнуваат нозете посебно доколку се комбинирани со шпиц чевли Во однос на ваквиот модел кратки панталони ги имам неколку чифта, а ми се допаѓаат бидејќи ги истакнуваат нозете посебно доколку се комбинирани со шпиц чевли

 

Објавено:
18 август 2014