Милан Младеновиќ

Во секој пораз јас гледав дел од мојата слобода!

Интервју со
Милан Младеновиќ (1958-1994) музичар
7 ноември 2017

Неговите пророштва и рефлексии за војната, живеење во гето, разочарувањата, новите граници, неговата постојана реплика „сè уште има нормални“, сè уште живеат во оние кои ја сакаа и почитуваа неговата музика. 1993 година тој ќе го даде последното интервју.

На 5 ноември 1994 година умира од рак на внатрешните органи во Белград. Мудроста на Милан после 23 години од неговата смрт сè уште е актуелна, како да е изговорена утрово. Ова интервју излезе во „Интервју“ на 26-ти ноември 1993 година.

Во 1984 година на албумот „Катарина 2“ имаше песна „Роден во гето“. Тие осумдесетти години за кои пееш и твориш сè уште некои ги нарекуваат „старите добри времиња“.
-На сите луѓе им се најважни оние проблеми кои ги имаат во моментот. Тоа време имаше свои проблеми за кои се мислеше дека немаат излез, а подоцна излезе дека имало и многу понепријатни работи. Сите живеевме во некои гета. На пример јас живеев многу долго во Нови Београд и тоа е едно многу непријатно гето. Средината во која живееш може многу да влијае на тебе и може да ти остави силни траги. Да не зборувам за станот во кој живееш, бетонот што те опкружува. Голем број од процентот на инвалидноста потекнува токму од нехуманоста, тривијалната архитектура, но и од човечкиот фактор да не се залажуваме. Секое грдо лице кое ќе го сретнеш во животот остава траг во тебе. Да не зборувам за разно разните заташувања од страна на медиумите, установите низ кои луѓето мора да поминат за да опстанат само за да поминат низ својот живот и тоа се со цел дали може својот талент некаде да го употребат, да ги нахранат своите деца кои повторно би живееле во гето. Мрачно е гетото.


Веруваш ли дека времињата се менуваат ?
-Се менуваат ,но на полошо.

Како тебе ти годи животот во гето?
- Животот овде станува неподнослив. Страшно е што луѓето не се противат. Секој е во страв дека ќе го изгуби некако својот минимум кој му е загарантиран, а тој минимум сега не постои. Разочаран сум во луѓето кои дозволија да се погребаат самите морално, човечки, дозволија да ги погребаат нивните пријатели, да ги предадат, сопствените браќа меѓусебе да се убијат и сето тоа да заврши во една општа гужва. Се ми наликува на чекање трамвај кој треба да се појави, а всушност треба дас е направи нешто конкретно, така што е страшно се тоа кога ќе го ставиш на купче, колку луѓето се неангажирани и колку тој основен човечки минимум е поважен од човечкото достоинство кое се повеќе и повеќе тоне во калта.

Колку и како градот се смени?
- Градот се измени многу,ј ас не можам да го препознаам. Не само градот туку и луѓето се поинакви. Еден мој пријател има баба од деведесeт години која вели дека не ги препознава србите кои денес живеат. Јас мислам дека овој народ не е оној кој јас го познавав. Нешто се има случено. Сега постојат изговори зошто така се однесуваат, но навистина е катастрофа.

Дали рок енд ролот можеше било што да промени?
- Ништо конкретно не може да смени затоа што медиумите се преполни со некои останати облици на псеудокултура. Го загуби и она малку простор што го имаше порано, но сепак постои мал круг на луѓе кои останаа нормални.

Албумот „Љубов“ го објаснува значењето на зборовите. Дали  повторно е потребен уште еден таков проект?
- Зборовите го губат своето значење во однос на оној кој ги изговара, така што сега многу нешта може да се искажат и преку срцето. Се појавуваат на медиумите, разни политичари, културни работници, професори, академици кои преку својот збор оставаат впечаток дека зборуваат многу важни работи. Логично е да можеш да докажеш дека стрелата од лакот никогаш нема да погоди во дрвото кое го целиш, тоа е познат логичен апсурд, затоа што треба да помине половина простор. Но, стрелата удира во дрво и се забива. Исто така постојат многу работи кои можеш да ги докажеш со зборови, а кои едноставно не се вистинити. Верувам дека многу луѓе може да почуствуваат што е лага, а што вистина без некое посебно образложување. Некои работи многу повеќе се чувствуваат отколку што се кажуваат. Но, луѓето тоа не го знаат тие веруваат во зборовите и тоа е проблем. Треба повеќе да веруваме на своето срце, отколку на зборовите.

Кое е твоето мислење да се остане или да се отиде?
- Треба да останеш или треба да се вратиш... во секој случај треба нешто тука да се измени. Вака веќе не може.


Каква е твојата соработка со поранешните  југословенски републики?
- Во Македонија свиревме неколку пати, почеток на декември ќе одиме за Словенија. Во Хрватска може да се набави нашата касета „Дум дум“, ја продаваат на црно, а може да се купи и ЦД од нашиот најнов албум „Неко нас посматра“.

Колку траат пријателствата од онаа „друга страна“?
- Јас мислам дека траат. Моите пријатели од Хрватска велат дека нашата музика се пушта на журки, родендени  и на радио. Знам дека на радио Сарајево се пушта нашиот последен албум. Постои контакт со сите кои се во војна и со луѓето кои се загрозени. Да не зборуваме зошто почна војната, некој сакаше да си земе парче за себе, а луѓето гинат за тоа.

Веруваш ли во идејата за повторно соединување на Југославија?
- Не верувам дека тоа може да се случи наскоро, луѓето гинат и секој еден е подготвен да ја најде вината кај оној другиот, а не во себе. Кога луѓето ќе научат да ги набљудуваат работите од свој агол, да размислуваат дека е возможно како има повеќе вистини, дека таа е ретко само на една страна, тогаш еден ден можеби 6800 година тоа ќе биде возможно. За жал човечкиот род не е способен да живее во мир се уште! Тоа е природна состојба на работите денес.

Maргита покрај неговите родители последна го видела Милан. Мајката ѝ се јавила на Маги со една молба, а тоа дека Милан сакал само неа да ја види. Во темната соба лежел Милан „Немој да плачеш, сите ова го знаевме “ - и кажал Милан. Побарал да ја стави својата глава во нејзините раце, таа почнала да го милува како да го заспива пред спиење, тоа често знаеле да го прават. Ништо не и кажал повеќе, само ја погледнал нежно. Тоа било на 4-ти ноември, веќе следниот ден на 5-ти ноември Милан ќе почине. На истиот ден кога тој е роден, Маги ќе биде погребана 21.09.2009 година во Белград.

фотографии: Google images,Intervju

Објавено:
7 ноември 2017
Прочитано:
712 пати