актер

Мишел Родригез, за мене друга не постои!

Интервју со
Александар Ѓорѓиески
21 јули 2015

Неверојатно енергичен, ултра талентиран и со сета позитивна енергија во себе, младиот Александар Ѓорѓиески е на добар пат да стане еден од омилените македонски актери! Неодамна, на 50. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински", ова младо момче ја доби наградата за најдобар млад актер за улогата на Орест во одличната претстава „Електра". Сосема спонтан, тој застана пред објективот на Fashionel за супер луди фотографии, но со него поразговаравме и за гревовите, за задоволствата, за хероите од реалниот живот и секако, за омилените филмови и негативците!

Најомилен цртан филм од детството...   

- „The Land Before Time”  или  Мало Стопало.

Гаџет без кој не можете...  

- Мојот SONY мобилен...

Кој е Вашиот сладок грев?  

- Тетрахидроканабинол...

Омилена дестинација...  

- Месечината Пандора.     

                           

Памет или убавина...  

- Комбинација од двете би било идеално. Сепак, убавината е независна од човечкиот памет.

Грејс Кели или Одри Хепберн...   

- Мишел Родригез. За мене друга не постои (се смее).

Вашето мото...  

- “Тука, сега”.

Која песна најдобро го опишува Вашиот живот?  

- Не питај ме о љубави – Синан Сакич  (се смее).

Најмногу му завидувате на...   

- Никого.  Завидливоста е дете на себе си и сопственото незадоволство.

Омилен пијалок?  

- Пиво.

Во кој филм би сакале да глумите? 

- „Господар на прстените“.

Омилен негативец од филм...   

- Норман Стенсфилд.

Би сакале да се запознаете со...  

- Жиду Кришнамурти.

Луѓето се изненадени што јас...  

- Понекогаш пеам со глас на 40 годишен Афроамериканец.

На која личност најмногу ѝ се восхитувате?   

- Цезар Милан.

Кога и каде бевте најсреќни?   

- Кога пред 2 ипол години моето семејство се збогати со уште еден член – кучето Ари.

Што е она што го сметате за Ваше најголемо достигнување?    

- Тоа што со 27 години, детето (срцето) во мене, сѐ уште доминира врз „возрасниот” (рациото).

Кои се Вашите омилени писатели?    

- Бекет, Толкин, Кришнамурти

Кои се Вашите херои од реалниот живот?  

- Кучињата.

Објавено:
21 јули 2015
Прочитано:
725 пати