Невена Миличевиќ : Иако сум манекенка не се доживувам како таква!

Интервју со •
28 мај 2013

Невена Миличевиќ  е девојка која има чекорено на светските модни писти, соработувано со едни од најпознатите дизајнери, има добиено непристојна понуда од Брус Вилис а исто е блиска пријателка и на Ева Мендез, за која вели дека е природна и доста духовита. Македонската јавност ја запозна преку реалното шоу „ Големиот Брат“  а неодамна оваа убава девојка беше во посета на Македонија  каде доби ангажман за фотосесија со фотографот Дарио Јанковиќ. За комплетникот стајлинг на Невена се погрижи модната куќа „Елена Лука“,  а ние ја искористивме приликата да поразговараме со неа околу нејзините мислења за модата и досегашните искуства на тоа поле.

-Луѓето  слепо ја следат модата, немаат свој стил, свој белег и идентитет. Треба да бидат свои и да знаат како да ги прилагодат трендовите во нивниот моден свет,така ме води моето досегашно искуство. Доколку сте јавна личност навистина треба да соработувате и да се советувате со професионалци, зашто  поголемиот број јавни личности кои се облекуваат на своја рака само копираат некој друг, а не се градат себеси, објаснува Невена.

 

 

Од дизајнерите на кои би им дозволила да и го преуреди гардероберот, го одбра Lanwin, а причината е, зашто  ги обожава модните приказни на овој светски бренд. Чудно, но вистинито, таа нема свој моден фетиш, единствено нешто кое обожава  да го носи е лежерна, широка облека, со рамни кроеви, бидејќи само така се чувствува удобно. Неколку пати и било забележано од медиумите, бидејќи го крие своето убаво тело, но, на тоа таа одговара:

-Не сакам приватно да го истакнувам своето тело, кога работам морам, ама кога сум надвор од модните писти јас сум своја само доколку носам лежерни парчиња на мене, рече Невена.

 

 

Ја прашавме и за нејзиното искуство надвор од границите на Балканот, ни раскажа дека почнала доста млада да се занимава со манекенство, веќе на 13 годишна возраст била дел од модните писти,a  на 14 годии  победува на Elite Face. Преку своите ангажмани  ги красела насловните на “Cosmopoliten” и “Glamur”, можевме да ја видиме и на филмското платно како дел од екипата која го снимаше филмот “Baby on the Board”, а има снимено и неколку музички спотови, реклами, модни кампањи и едиторијали.

Миличевиќ за манекнството вели дека и било само хоби, никогаш не го сметала за своја професија и не се доживува како манекенка туку како обична девојка. За тајната формула на успехот вели дека внатрешната и духовната убавина се оние кои се пресудни за успех било во која професија.

 

 

- Јас приватно никогаш не сум се потпирала на мојот физички изглед, ниту сум се менувала драстично, иако рано доживеав слава по медиуми ,секогаш сум во баланс со самата себе,објаснуваа таа.

Невена, вели дека денес на некој начин сите се манекенки и манекени.

 

 

-За да бидеш манекенка треба доста да работиш, да знаеш како да го држиш цврсто синџирот на производот кој го рекламираш, да се однесуваш крајно професионално и да го дадеш својот максимум во целиот тој процес. Фасцинирана сум од македонските девојки и жени  иако сум само три дена тука. Македонците се многу топол народ, а и доста модерен , со стил и со убави жени,вели таа.

 

Објавено:
28 мај 2013