сопственичка на салон за убавина

Пакет летни третмани по одлични цени во Силуете

Интервју со
Мелина Милески
13 јуни 2018

Како и секогаш, во пресрет на летото сите сакаме да изгледаме супер за на плажа, почнувајќи од тоа да имаме совршено тело, па сè до блескава коса и кожа, средени нокти и сето тоа да биде што е можно подолготрајно. Фантастични третмани со неверојатни и долготрајни резултати ќе најдете во салоните на секогаш гостопримливите Силуете. За она што е хит кога се третманите во прашање, поразговаравме со сопственичката на козметичкиот салон, Мелина Милески која сподели и совети за тоа како да го одржувате телото и внатрешната убавина совршени и во текот на целата година.

-Кои се третманите кои се актуелни во Силуете ова лето?

Ако порано во текот на летните месеци беа актуелни третманите за слабеење и отстранување на целулит, сега некако преку целата година им стана навика на сите да се негуваат и се радувам што тоа е така. Жените, а и мажите, внимаваат на изгледот во текот на цела година, а не само сезонски. Инаку, би издвоила неколку третмани кои се хит оваа сезона:

-Мадеро терапија

Станува збор за третман, масажа со сукала која е многу ефикасна и популарна, сите се изненадивме од ефикасноста и резултатите што ги постигнува за отстранување на целулитот и измазнување на кожата, воедно и подигање на задникот и целата задна ложа. Ова е многу интересен третман, многу убав за оние кои сакаат да се масираат и да уживаат во благодетите на масажата, а воедно да добијат и еден убав третман. Тој е сличен на антицелулитните масажи, но ако тие понекогаш знаат да се болни, тука не се забележува тоа, најверојатно поради сукалата.

-Депилација со лифтинг

Станува збор за „антиејџ“ депилација каде во самиот восок има состојки што прават и лифтинг. Не прави пилинг како досегашната депилација, напротив, негува, ја мазни кожата на било кој дел од телото, дава еден посебен лифтинг ефект. Сметам дека е навистина убаво освен депилација како неизбежна во текот на летните месеци, сега да се добие и ефект плус, еден лифтинг ефект на кожата.

-Ласерски третман

Ова е нешто што би препорачала да се направи од септември, бидејќи треба времето да е малку постудено. Станува збор за ласерски третман одличен во оваа трка со време, кога сите бараат нешто подолготрајно, а има и убави резултати. Кај нас во салонот ласерската депилација е хит, покажа дека со три до шест третмани, не растат влакната во таа регија каде што се отстранети. Можам да кажам дека е третман број еден во однос на отстранување на влакната.

-Како Вие се негувате?

Јас сум лицето на мојот салон, па ако некој сака да го посети салонот, мора да знае дека сè што имаме е ефикасно. Јас на себе применувам различни третмани, иако порано имав повеќе време, но и сега гледам да направам третмани за затегање, за измазнување на кожата. Лично, масажи не преферирам, сакам масажа само на грб, инаку не уживам во нив. Секогаш ќе кажам дека на прво место се апаратите кои прават контракција на мускулот на природен начин. Тоа за мене е она основното. Секогаш се појавуваат комерцијални апарати кои се хит, но јас никогаш не брзам, секогаш гледам дали тие имаат добри ефекти и носам ефикасни апарати. Секогаш сакаме да им препорачаме на сите пред сè здраво да се хранат, да се научат правилно да јадат, тоа е најважно. Јас никогаш нема да кажам не спортувајте, доаѓајте само кај нас на третмани, тоа е нешто апсурдно. Нема никогаш да бидам против она што е здраво, без разлика дали го работам јас тоа или не. Здравјето е пред сè, треба да научиме да се храниме и да живееме здраво и тоа е тоа. Од сè треба да се земе она што е правилно и она што на нас ни одговара.

-По што Силуете е поразлично од останатите салони за убавина?

Силуете е една семејна компанија која постои 28 години. Мојата мајка и јас ја започнавме оваа приказна со голема љубов и посветеност и со текот на годините таа се пензионираше, јас остaнав. Иако имам големи обврски околу моите пет мали деца, се обидувам другите обврски да ги извршувам и преку телефон и во одење. Во Македонија е многу тешко да се биде и добра сопруга и мајка и бизнис жена, некако ние треба да бидеме сè. На Запад бираат едно, а ние на Балканот сме некако поинакви жени. Тука семејството е приоритет и така треба и да биде. Јас секогаш потенцирам дека децата се приоритет. Семејството ми е на прво место. Суштината на разговорот е дека она што го работиш треба да го работиш со многу љубов, со голема посветеност. Таква е приказната на Силуете. Јас секогаш се поставувам како клиент, сакам тој што ќе дојде кај мене да биде задоволен и сакам и сите што работат за мене да работат со љубов и да се мотивирани. Јас сакам секој клиент да е задоволен, да не чека многу. Мислам дека најмногу се разликуваме, меѓу другото, по тоа што сакаме секогаш да има време за секого, а не да закажуваме од сега за другиот месец. Секогаш има место, повелете, ќе најдеме простор, вас денеска ви треба тоа што го посакувате, ви треба едно катче каде што ќе сте добредојдени и ќе уживате во моментот кога го сакате тоа, а не следната недела.

-Кои се новитетите во Силуете?

Плазма лифтингот, плазма ласерот ќе биде вистински хит, тоа е практично замена на пластична хирургија, естетска корекција без да подлегнувате на нож која се работи кога нема да има јако сонце.

Тука нема нож, а има супер резултати. Јас го пробав во пределот на стомакот и многу сум задоволна. Ова го кажувам јавно затоа што сакам да го споделам со сите мајки кои имаат деца, кои сакаат да направат нешто за да ја затегнат кожата стомакот. Колку и да не се поправиш, кожата околу папокот знае да се рашири и да не изгледа убаво, а исто е и кога варирате со килограмите. Едноставно, немаш друг начин да се затегнеш, освен со третмани. Јас сум воодушевена од резултатите, го препорачувам на сите жени што се мајки кои немаат вишок на килограми, а сепак кожата е опуштена од бременоста. Го препорачувам на сите кога ќе се вратат од одмор во септември.

-Што конкретно би им понудиле на нашите дами читателки за ова лето?

Има неколку третмани кои ги спакувавме за ова лето, едни за тело и други за лице, како едно освежување пред почетокот на летото. Истото го правиме и во септември кога ќе се вратат од одмор, бидејќи секое изложување на сончеви зраци предизвккува прерано стареење.

Правиме сончев спреј, прскање за оние со побела кожа, третман кој е супер ефикасен. Исто така би препорачала бразилски кератински третман за исправување на коса како практичен третман после кој неколку месеци нема да мора да ја фенирате косата и едноставно ќе уживате без да мислите кога ќе ја средите. Денеска, убаво е да бидеме практични и да имаме третмани кои подоцна ќе ви овозможат сами да си се средите и кога сте на море, да уживате и во себе и во времето. Во однос на пакетите за тело, би издвоила еден пакет што содржи повеќе работи, односно добивате 50 третмани за 250 евра, како ексклузивна промоција. Тука се постигнува слабеење, тонус, чистење на целулитот, измазнување, а можат да се намалат од 5 до 15 килограми. Нудиме и сличен пакет за лице во кој се состојат 17 третмани за 250 евра, а вклучивме затегнување и измазнување на лице, едноставно подмладување.

-Што би ги советувале нашите дами?

Јас прво би им препорачала на младите девојчиња, дека вратата на Силуете секогаш е отворена. Тие се некако понесигурни, а ние секогаш сме тука за било каква консултација и совет. Кај нас има многу третмани кои се и со прифатливи цени, а знаете дека секогаш треба да правите нешто за себе. Денеска гледам многу девојчиња што јадат брза храна, со што понатаму им се деформира телото, па би им препорачала да спортуваат, физички да се активни, тоа е здраво и за физикусот и за психата, а важно е да се започне со третманите порано. Почнете на 25, 26 години кога сè уште немате брчки, кога телото не е опуштено, затегнете го, па продолжете да го одржувате понатаму во животот.

Фото: Приватна архива

Спонзорирана објава

Објавено:
13 јуни 2018
Прочитано:
1.903 пати