Преку плетивата се негува традицијата на нашите баби!

Интервју со •
6 јули 2013

Тања Арсова, креатвниот директор на здружението вели дека кај нас се повеќе постои интерес за изработка и купување на рачно плетените аксесоари и облека. Кога би ви го кажале своето мислење и искуство, тие би пренеле дека плетењето во денешно време може да биде хоби но и професионална работа. Иако, можеби многумина мислат дека младите девојки во денешно време се занимаваат со поинакви социјални или виртуелни дружби, оваа група на креативни девојки се показател дека преку изработката на плетеници може да биде интересна и продуктивна од повеќе аспекти.

Колку денешните девојки се заинтересирани за овој вид на уметност?

Во последно време плетената облека како и модните додатоци се многу актуелни. Помладата популација се поголем интерес покажува за надополнување на својот имиџ со вакви детали. Иако, повеќето сакаат да ги носат, има и девојки кои навистина вешто можат и да ги изработат.Секогаш започнува како еден вид на забава а потоа преминува во хоби а кај некои и во можност за заработка во зависност од нивната вештина со иглите како  и креативноста. Секојдневно добиваме најразлични понуди за изработка на плетени парчиња но сепак тоа се претежно средновечни госпоѓи кои тука ја наоѓаат својата релаксација.

Што моментално се изработува во вашата работилница и кои се трендовите кога говориме за плетени парчиња?

Уникатноста и оргиналноста се заштитниот знак на нашите изработки.Нашите потрошувачи добиваат модели кои се секогаш трендовски не само за една сезона туку и за наредните.Кај секое парче плетена гардероба или моден додаток се забележува специфичен колорит,употреба на природни материјали и автентичност.Сите тие парчиња се изработени со многу труд и за нивната изработка е потрошено време.Креираните парчиња во нашата работилница си имаат свој белег и не се работат да одговорат на масовноста единствено одговараат на уникатноста.

Колку за вас се модерни и тренди плетените додатоци?

 Плетената облека и модните додатоци како никогаш досега се модерни и актуелни.Оваа сезона  е автенична токму со плетениниците, во „Мокош“ има многу голем избор на рачно плетени аксесоари и облека додека побарувачката за нив е голема. Претежно се изработени од волна, мохер и памук а тоа го зголемува нивниот квалитет. Во мојот плакар преовладува плетена гаредероба и посебно сум горда што е изработена од вештите раце на нашите кретивци.Уживам кога ја носам и за мене таа никогаш не излегува од мода.

За да се плете мора претходно да се научат техниките, дали во вашето здружение има можност за учење ?

Единствено треба да се има добра волја и желба да се научи.Во здружението веќе имаме доста членови кои се профисионалци за изработка на плетенини.Сеуште немаме официјално можност да обучуваме и да ги пренесеме тие техники кои постојат многу одамна во нашата традиција а нашите баби најдобро ги владеат, се надеваме дека во иднина ќе создадеме услови да ги пренесеме тие техники на сите што сакаат да научат.

Како функционирате и каде може да се најдат важите изработки?

Здружението за афирмација и заштита на македонските дизајнери, уметници и ракотворци „Дезен“ е новоформирано и официјално свои простории нема но затоа има комерцијален објект за продажба на ракотворбите и дизајнерските парчиња. Алалјето „ Мокош“ се наоѓа во центарот на Скопје и во него се достапни уникатни дизајнерски парчиња од помладите и неафирмирани модни дизајнери како и плетена облека и накит се разбира  изработени рачно.

Објавено:
6 јули 2013