Сопственичка на „Pleasure“

Салон за убавина „Pleasure“ – оаза на убавината, негата и уживањето

Интервју со
Едина Колашинац
14 мај 2019

Задоволство, нега, убавина, оаза за опуштање и уживање – сите обединети под името на козметичкиот салон „Pleasure", каде секоја современа жена ќе го пронајде својот рај изолиран од динамиката на хаотичното секојдневие.

Долгогодишното искуство, стручниот тим и професионалниот и пријателски пристап кон клиентите, ги сочинуваат есенцијалните принципи на работа на салонот за убавина „Pleasure" кој ви ги нуди сите најсовремени третмани за нега и убавина, што ѝ се неопходни на секоја жена.

Во пресрет на летната сезона, сè поинтензивни се и подготовките за добар изглед за на плажа, но секоја дама е свесна дека убавиот и свеж изглед бара континуирана нега преку целата година.

По тој повод разговаравме со госпоѓата Едина Колашинац, сопственичка на салонот за убавина „Pleasure", која долги години важи за исклучителен професионалец во сферата на негата и убавината.
Дознајте за сите ексклузивни третмани што ви ги нудат, во разговорот во продолжение.

Оаза на нега, разубавување и задоволства е првот синоним за Вашиот салон за убавина, што неслучајно го носи називот „Pleasure"... Во какви се задоволства може да уживаат Вашите клиентки?

-Љубезниот и насмеан високостручен персонал на салонот за убавина Плежр е секогаш спремен да одговори на сите предизвици, се со цел вашиот изглед да го доближи до перфекција.
Нашиот стручен тим ќе се погрижи, убави задоволни и опуштени да зачекорите кон нови предизвици со многу поголема самодоверба!

Салонот за убавина Плежр следи и воведува современи светски козметички трендови. Располага со професионални апарати од престижниот германски бренд Jean d'Arsel кои претставуваат висок стандард, а се употребуваат во водечките луксузни салони за убавина во Европа и светот.

Нашите клиенти можат бескрајно да уживаат во освежителни третмани за лице, прекрасни парцијални и реалскирачки масажи, тука е и криолифтингот, прочуен како најинтензивна мезотерапија, која без хируршки зафат и боцкање го подобрува тонусот на кожата и ја подмладува, OPERA-маската! Среќна сум што себе и на моите клиентки им го пружам третманот кој го обожаваат врвни холивудски ѕвезди како Џесика Алба, која е позната по беспрекорниот тен и кожа, Кејти Пери и – на изглед – вечно младата Џенифер Лопез! Не претерувам ако речам дека и веднаш се добива блескаво лице! Имаме најразлични третмани Микродермо,Окси третман,Крио на лице,Класичен третман,Третман масажа на лице,Третман за осетлива кожа,Третман мултибаланс афродита метода, Третман за хидратација,Дермо пен,Реновар за брчки.

Следува летната сезона, па верувам дека периодов се поинтензивни се подготовките за совршен изглед на плажа. Кои третмани би ги препорачале Вие, за постигнување на максимални ефекти?

-Нашиот салон ја нуди мадеромасажата за трајно ослободување од целулитот. Истиот ефект се постигнува и со BHS-третманот на начин што со вакуум се извлекува целулитот на површината и потоа се разбива. Тоа што нам жените ни е најбитно е дека резултатите се видливи уште по првиот третман. Со малку упорност и серија BHS-третмани, ќе се збогувате со целулитот засекогаш. ХимФу-третманот, пак, за разлика од радикалните диети и гладувања, кои најчесто предизвикуваат само привремено губење на водата од нашето тело, помага директно да се топат маснотиите. Така и резултатот што го постигнуваме е траен. Со неколку третмани имате видливи резултати. Нашиот салон прави спој на најсовремена светска технологија набавена од Аргентина и обучен персонал.

Кои третмани што ги нуди Вашиот салон во моментов се најактуелни?

-Сите третмани за борба против целулитот, за дочек на летото како и педикирот. Нехигиенски извршениот педикир може да доведе до најразлични вирусни и бактериски инфекции поради сраснат нокот или пак груб третман од страна на козметичарот. Од нехигиенскиот педикир, може да дојде и до габични инфекции на кожата и ноктите на нозете. Затоа постоиме за вас да бидете сосема сигурни во третманот, по неговото завршување вие имате свој сопствен прибор спакуван во посебна кутија со ваше име и презиме!
Вашето здравје е и наша грижа.

Со какви козметички производи и технологии работите?

-Само во #Pleasure ја има линијата на JEAN D'ARCEL , врвна козметика од Германија, која претставува висококвалитетна, ефективна нега на кожата и воедно оваа козметичка линија има партнерска соработка со своите клиенти. Денес, производите на компанијата и методите на лекување се достапни во повеќе од 40 земји. ЈEAN D'ARCEL нуди широк спектар на високо ефективни креми за нега на кожата, достапни исклучиво во салони за убавина. Нашата цел е да им понудиме на нашите клиенти нега на кожата производи и системи за третман со висок квалитет во совршена хармонија на ефикасност и благосостојба. Располагаме со професионални апарати од престижниот германски бренд Jean d'Arsel кои претставуваат висок стандард, а се употребуваат во водечките луксузни салони за убавина во Европа и светот.

Само во #Pleasure имате концепт наречен VIP ROOM. Што подразбира и што им нуди овој концепт на Вашите клиенти?

-Преку допир кој го крепи, опушта и лекува, во нашиот центар можете да се сретнете со бои, мирисни цвеќиња и природа која го опушта телото и духот. ВИП собата во #Pleasure е вистински рај за избегнување на секојдневниот стрес и потполна релаксација која ги нуди сите услуги кои ги нуди студио #Pleasure, но просторијата ја имате само за себе.

Еден од најактуелните третмани што ги нудите е и пресотерапијата. Објаснете ни подетално за каков третман се работи и какви се неговите резултати?

-Пресотерапијата претставува масажа со компримиран воздух кој се користи во отстранување и редукција на целулитот, топењето на масни наслаги, го подобрува тонусот на кожата и ја спречува појавата на проширени вени. Третманот трае 30 минути и гори до 600 калории по третман. Има продолжен ефект во наредните 48 часа и го исфрла вишокот на вода и масти од организмот. Третманите можат да се изведуваат ден по ден или 3 пати неделно, а резултатите се видливи после секој третман. Нема непосакувани ефекти.

Кои според Вас се најефикасни третмани за чисто лице и негувана кожа на лицето?

-Од нашето многугодишно искуство со голем број задоволни клиентки, како најомилени се покажале освежителниот третман за лице, кој е погоден за секаков тип кожа, а особено дехидрирана. Друг погоден третман е криолифтинг. Со криотретманот се врши масажа на лицето со ледена сонда (-18 степени), која овозможува оптимален доток на кислород до самите клетки.

Со оглед на Вашето долгогодишно искуство во полето на убавината и негата, што од лично искуство би им препорачале на жените како секојдневна рутина на разубавување?

-Воведуваме иновативни методи за работа во согласност со традицијата која гаранција најдобар квалитет на услугите.
Тимот на Плежр ќе ви овозможи висококвалитетна услуга каде вие ќе уживате во беспрекорениот луксузен ентериер и опуштена атмосфера а ние максимално ќе се потрудиме за да ви ја вратиме самодовербата и насмевката на вашето лице.
Нашиот стручен тим ќе се погрижи, убави задоволни и опуштени да зачекорите кон нови предизвици со многу поголема самодоверба!

*Комерцијален текст

 

Објавено:
14 мај 2019
Прочитано:
731 пати