Фешнел за Мовембер

Стилот мора да има став!

Интервју со
Виктор Цветановски
26 ноември 2015

Ако во октомври зборувавме за розовата панделка и лицата со Даунов синдром, месецот ноември ни е во знакот на „Мовембер". Покрај тоа што пишувавме за приказната што се крие зад ова движење и за значењето, одлучивме да поразговараме со неколку интересни мажи со мустаќи. И брада. Или и двете.
Со интересен и забавен разговор и исто таква фото-сесија, Fashionel.mk одлучи да зборува за нешта што навидум се забавни, но истовремено и сериозни и се приклучува кон подржувачите на „Мовембер".
На тема мода, македонска и глобална модна сцена, став, стил, мустаќи, мажи и здравје, разговаравме и со Виктор Цветановски, млад моден дизајнер чиј визуелен идентитет, покрај другото, е препознатлив и по спцифичните мустаќи што се надоврзува и на нашата тема „Мовембер“.

Изминатиов период го искористивте максимално рационално во однос на Вашето професионално надоградување. Бевте надвор од Македонија, но неодамна се вративте со нови искуства. Каде и со каква цел беа Вашите патувања?

- Патувањата во модните метрополи се круцијални за професионално надоградување во нашата професија. Факт е дека интернетот и социјалните мрежи не доближуваат до светските случувања и настани, но сосема поразлично е кога си таму и имаш шанса за контакт со инсајдери во индустријата. Се случуваа доста работи изминатава година, но еве најкратко –кон крајот на минатата година работев за дизајн ателје со кои се презентиравме во Јапонија, оваа година беше Изет Цури и проекти што следеа во текот на годината и секако FWSK.

Што Ве научи престојот во неколкуте европски земји за динамиката и начинот на функционирање на тамошниот моден свет?

- Останете кратки и јасно кажете што барате и очекувате. Ќе заштедите многу време. Модата во космополитските метрополи се движи со брзо темпо, во моментот кога ќе излезете од темпото сте аут.

Интернационалниот иститут за мода „Изет Цури" е еден од линковите што Ве поврза со глобалната модна сцена? Колку сте задоволни од Вашиот образовен прогрес во рамките на оваа школа?

- Изет Цури е поранешен технички директор на Eермес , Азедин Алаја и Тиери Муглер. Има работено за речиси сите француски модни куќи и тука нема некоја посебна дискусија. Неговата цел е да направи една подготвена група на млади луѓе кои ќе работат во модната индустрија, резултатите веќе се гледаат. Кај него научив системски да ја анализирам облеката и од сосема поразличен агол да ја перцеприрам модата.

Вашата релација со Моден викенд Скопје, како ретко кој, се однсеува на двојното ниво: и како учесник и како дел од организацијата. Какви се искуствата од едната и другата страна?

-Јас мислам дека сум единствен кој што бил и учесник , а еве веќе 3-та година сум и во организацијата. За искуствата со Моден Викенд има многу да се зборува бидејќи имаме поминато низ секакви ситуации , но еве сме, се уште постоиме без разлика на економската клима или политичка ситуација. Ние сме тука за дизајнерите и сите подржувачи на модата.

На што се базира Вашата дизајнерска естетика? Која е онаа најкарактеристична црта на Вашиот моден израз?

-„Simplicity is the ultimate form of sophistication" можеби е клише, но на тоа се базира мојата естетика.
Денес се е околу добро комбинирање на облеката и водење на одреден стил кој ќе зборува за вас. Стилот мора да биде надополнета и со став бидејќи без тоа нема порака за вашиот идентитет.

Има ли одраз Вашиот креаторски сенс и врз Вашиот личен имиџ?

-Секако. Визуелно на себе покажуваме што чуствуваме. Стилот е единствен начин да се претставиме без да зборуваме.

Мустаќите се препознатлива карактеристика на Вашиот визуелен идентитет, а истовремено симбол на актуелниот месец на машкото здравје, глобално познат како „Мовембер". Кој е Вашиот став во однос на ова глобално движење?

-Во време кога животот е толку брз и се соочуваме со константен стрес , лоша исхрана и пороци најмалку што можеме да направиме за себе е да ги следиме промените во нашето тело. Мовембер е за да се подигне свеста за ризокот од рак, посебно од рак на простата кој најчесто се појавува кај нас мажите . Ја поздравувам иницијативата за подигање на свеста посебно кај машката популација која поради некои недефинирани општествени нормативи за маженственост најчесто првиот преглед го прави после срцев удар (ако го преживее секако).

Што е маж без мустаќи?

-Маж.
Доволно како и за жените така и за мажите се креираат социјални конструкции за тоа што треба тие да бидат или како да изгледаат. Веќе на прагот од 2016та овие рамки треба да ги заобиколуваме.

Кога последен пат сте биле на преглед?

-Пред нешто помалку од една година.

Кој е Виктор Цветановски по 10 години?

-Иднината е енигма, но да кажеме дека за 10 години Виктор би бил реализиран маж подготвен за предизвиците кои ги носи четвртата декада од животот.

Објавено:
26 ноември 2015
Прочитано:
1.330 пати