Women'secret: Успешна приказна во која ќе се препознае секоја жена

Интервју со •
7 ноември 2014

Кога ќе влезете во Сити Мол, на приземје вниманието ќе ви го привлече продавница со топла атмосфера, смерени бои, интересни пораки и секако атрактивен излог. Women’secret  минатата година прослави 25 години постоење, што е доволна причина нивната приказна да се нарече успешна. За нивната тајна, новите изненадувања за понежниот пол, како и за изгледот на нивната продавница, зборувавме со менаџерот на продавницата (шоп менаџер) Александра Ристовска.

Продавницата на Women’secret привлекува внимание со пријатниот амбиент и топлина. По  што се водите во нејзиното уредување?

- Франшизата наметнува одредени правила што се почитуваат насекаде во светот. Така, во која и продавница на Women’secret да влезете во светот, ќе забележите неколку исти работи – мебелот, пораките што стојат на ѕидовите, како и подреденоста на производите. Секој што ќе го посети нашиот дуќан ќе има можност да се увери во неговата прегледност. Истражувањата покажале дека потрошувачите подобро се снаоѓаат кога производите се пласирани по колекции и одделени. Кога ќе влезете, точно знаете каде да се упатите во зависност од тоа за што сте дојдени. На една страна се пижамите со модните додатоци, а од друга е долната облека. Така е и овде. Некои посебни колекции, како што е Shape  колекцијата во моментов кај нас, треба да имаат посебен дел каде што ќе можат да им се презентираат на клиентите.  Нашата продавница моментално е уредена по најнов концепт, што подразбира отворен плафон и интересни детали како пораките. Исто така, се внимава и излозите да се слично уредени во сите продавници. Она кон што мора да се запази е на одредени колекции да им се даде одделен простор.

Според ова, имате ли креативна слобода во осмислувањето на крајниот изглед на продавницата?

-Секако дека да. Тоа што мора да се следат одредени правила не значи дека не ни е дозволено да експериментираме по малку, да направиме нешто поинтересно, да ги усогласиме боите. На пример, во нашето уредување се практикува тематското уредување. Светските празници како Св.Валентин, Ноќ на вештерките или новогодишните се повод за поинакво уредување на просторот. Тогаш се става акцент на актуелните бои, специфични детали во зависност од празникот, како и на одредени артикли. Добиваме колекции именувани токму според празниците .

Кога некој за првпат ќе зачекори во овој трговски центар, зошто би требало да ја посети продавницата на Women’secret?

-Нема причина зошто да не ја посети. Секој што ќе влезе секогаш ќе има да најде нешто за себе. Дали се работи за долна облека, за пријатно и топло парче за во домашна атмосфера, или аксесоар за посвечана пригода, тоа може да го најде токму кај нас. Мажите можат тука да најдат одлични подароци за понежниот пол, што морам да потенцирам дека го прават навистина често. Откога почнавме да работиме, се изненадивме од заинтересираноста на машкиот пол, поради што ни е многу драго. Мажите точно знаат што сакаат, за разлика од жените кои секако, сакаат сè да видат. Но, жените сакаат да се секогаш убаво средени, па затоа и се сепак подоминантни купувачи. Сепак, ние сакавме да ги испочитуваме и нашите машки клиенти, да не се чувствуваат запоставено, па го проширивме асортиманот со машко ќоше, во кое се сместени пижами, долна облека и аксесоари што може да му бидат од помош на секој маж.

Како Women’secret ја гради успешната деловна приказна веќе 25 години?

- Брендот ја гради својата приказна така што постојано ги следи потребите на потрошувачите, внесува новитети во моделите и ги следи светските трендови. Секогаш се внимава на изборот на бои и такенини кои се најчесто природни материјали. Исто така и маркетингот игра важна улога. Од лансирањето на македонскиот пазар маркетинг стратегијата која се применува за промовирање на women’secret поминала низ различни фази зависно од потребите. Така на почетокот, имавме поинтензивна кампања за да ги запознаеме купувачите со новиот бренд на пазарот, а денес работиме на одржување на имиџот и презентирање на новитетите (нови линии, интересни производи, заштитни лица итн.)....Секогаш се трудиме да ги опфатиме сите можни канали за класичен маркетинг и ПР и да  ги изнајдеме најдобрите начини да го доближиме брендот до македонските девојки и жени.

Ги споменавте трендовите, кои се актуелните за оваа сезона кога е лежерната облека во прашање?

-Како што и за останатиот дел од облеката се следат трендови, тоа важи и за пижамите и долната облека. Секоја сезона се наметнува нов тренд – се менуваат апликациите, цртаните ликови... Боите се следат исто како во останатиот дел од модната индустрија. Конкретно, оваа сезона преовладуваат бордо и тегет бојата, како и монохромантските бои. Оние што сакаат да се понежни, можат да посегнат по парчиња во пастелно сина и розова.  За жени што сакаат да се чувствуваат како деца по дома, имаме цела колекција. И покрај тоа што парчињата се со цртани ликови и впечатливи бои, таа колекција не е за деца. За оние што сакаат да бидат секси, ношници изработени од сатен се одличен избор бидејќи  го истакнуваат женското тело,како и  пижами изработени од комбинација на материјали – памук-тантела, вискоза-тантела и слично. Актуелни се и папучките, како и несесерите во различни големини. Сè што е тренд можете да го најдете кај нас.

Имате и неколку новини... За што се работи?

- Во моментот имаме колекција за бремени жени составена од лесно подвижни градници, поудобни ношници од природни материјали и подостапни за бремените жени. Исто така, сакам да потенцирам и на колекцијата наменета за жени оперирани од рак на дојка. Колекцијата вклучува градници во кои може да се вметнат протези, со што сакаме да им помогнеме на жените, и покрај тешките мигови, да се чувствуваат привлечно и удобно. Да им помогнеме да најдат соодветен градник, и сметам дека ова е нешто по што се издвојуваме од останатите. Ќе ја издвојам и Shape колекцијата за обликување на телото, која вклучува комбинезони, бодија, повисоки гаќи што го обликуваат делот околу стомакот и бутините.

Александра Ристовска ги презентираше произодите од колекцијата Shape Александра Ристовска ги презентираше произодите од колекцијата Shape

За крај, која е тајната на Women’secret?

- Секоја жена има своја тајна, посебен сексапил, а нашата тајна е во тоа, кај жената да го разбудиме најдоброто од неа, да го покаже нејзиното тело во најдобро тело, онаму каде што треба и како треба. Нашата приказна, а воедно и тајна е да ги обединиме жените со различен стил со удобноста и привлечноста, да направиме жените да се чувствувата убаво и привлечно и во домот, а не само надвор од него, носејќи ги моделите на Women’secret.

Објавено:
7 ноември 2014