Депресија која се крие !

16 ноември 2017

Во последно време се повеќе се бавам со нештата кои ме загрижуваат,ги гледам моите најблиски пријатели ,гледам како се мачиме секој ден,како нашата грижа сакаме да е само наша.Најчесто не повредуваат оние кои мислиме дека не сакаат,нашето задоволство во животот е тривијалност.Не се отвараме ,не се доверуваме ,не веруваме во вистинските човечки вредности.Системот на опстанување колабира.Сега секој може да ве дискредитира ,вашата постапка да ја релативизира.Никој н еразмислува што искажаниот збор ќе предизвика кај оној кој сте му го соопштиле.Преку насмевка може да ве повреди ,навреди.Светот стана себичен,а ние повлечени од ден на ден се повеќе и повеќе.Забораваме да се смееме оти мислиме дека има време кога ќе се смееме ,сега е моментот да решиме некој проблем.Кога се будиме треба да си кажеме афирмативна мисла затоа што ако една негативна мисла си кажеме самите или пак на некој друг до нас,ќе ни бидат потребни 12 позитивни да ја потиснеме таа една.Затоа постојат книги кои можат да ни помогнат,психотерапевти.За да се засакаме себеси треба да работиме на тоа постојано.Тргајте ги лошите мисли,тргајте ги од себе луѓето кои имаат потиснувачка енергија .Еден ви е животот,немате друг!Затоа ако препознаете некои од овие навики превземете нешто брзо и ефикасно.Бавете се со себе .

Ако препознавате една од овие 8 навики вие страдате од скриена депресија.
Депресијата е застрашувачка и непредвидлива.Како и секое ментално растројство таа е тука незабележлива и не се дијагностицира веднаш,возможно е долг период да не се утврди.Колку подолго не се утврди толку побргу личноста ќе тоне.Скриената депресија е уште полоша состојба .Тие кои страдаат се кријат себеси од јавноста.Мислат дека нема никој да забележи. Опасноста која се крие во оваа состојба има големи последици.Ако ги имате овие однесувања или пак ги забележите кај некој ваш близок тогаш треба да се вклучи црвеното светло.


1.Ги губите интересите во омилените активности
Работите кои постојано сте ги дочекувале со возбуда и тоа на неделно ниво,повеќе немаат никаков интерес ниту пак позитивен ефект во вашето расположение.Оди дотаму дури и и да ги избегнувате работите кои ве правеле среќни.Го имате она чувство како да чекате нешто но еден дел од вас не знаете точно што е тоа.Со болка правите работи ,гледате како животот ви минува и се чувствувате беспомошни.


2.Учествувате во делот на дневните навики
Не се однесуваат сите луѓе кои имаат скриена депресија исто.Некои од нив се обидуваат да го сменат начинот на живеење ,некои дополнително и свесно си внесуваат проблеми и се обидуваат да стават ред на истите.Трети пак почнуваат да вежбаат јога,да трчаат,одат во шопинг,медитираат.Тука станува збор за лоши и добри вести за оние кои имаат скриена депресија.Добрата вест е дека се обидуваат да го решат проблемот,лошата е ако продолжат со менување на работите постојано без давање никаков смисол на тоа што го прават,ниту пак ритам кој ги налага активностите возможно е да заглават уште подлабоко во состојбата во која се наоаѓаат и во својата неволја.

3.Проблеми со спиењето и пореметување со јадењето.
Да почнеме со навиките за вашето спиење.
Ако не спиете како што треба тогаш вие имате несоница.Ако вие тоа на некој начин непознато ,тоа значи дека не можете да заспиете или пак легнувате во некое чудно време,вообичаено доцна.Причината е затоа што вие постојано се грижите за работите кои ве мачат.


4.Невообичаените навики за вашата потреба за храна.
Или сте премногу гладни и јадете многу или воопшто не сте гладни.Сте се убедиле самите себеси дека ги контролирате вашите дневни навики но ги менаџирате на погрешен и нездрав начин.
5.Страв од злоставување
Мислат дека нивните проблеми се само нивни,ги кријат своите чувства длабоко ,не даваат да допре никој до нив ,затоа што сметаат дека може сами да си ги решат своите проблеми.Не сакаат никој да им се плетка во нивната тага,емоција,приказна.Исто така мислат дека ако ги откријат своите чувства на најблиските ,ќе предизвикаат стрес кај нив,притисок и обврска да им помогнат ,а тие не го сакаат тоа оти имаат чувство дека на тој начин ќе ги загубат блиските до нив.Мислат дека може сами да се справат со себеси.


6.Излегувате надвор навидум среќни
Луѓето мора да разберат дека депресијата не е расположение ,тоа е исклучително жестока сила која е алтернативна позиција на личноста.Ги криете вашите чувства затоа што не сакате да ги разочарате вашите луѓе.Тоа го правите многу долго време и станува ваше секојдневие во вашето однесување.Вие сакате да се портретирате како среќен лик.Таа е ваше секојдневие.


7.Талентирани и креативни
Не се сите навики страшни кај овие личности.Тие секогаш ќе најдат начин да се справат со своите внатрешни демони.Многумина од нив се неверојатно талентирани,особено се истакнуваат во уметноста,одлични лидери во бизнисот и се исклучително интелегентни.
8.Размислуваат за животот и смртта
Ние сите размислуваме за животот и смртта и се плашиме од непознатото.Но, личноста со скриената депресија имаат константност во поставуавњето на ова прашање кон самите себеси и во мислите им е соочувањето со смртта.Ако познавате некој кој ви спомнува за одземање на својот живот ,не го земајте тоа како шега ,туку сфатете го како многу сериозна работа.Потребно е да го соопштите на професионалец,потребно е да знаете дека не сте сами ,не се тие сами.

9.Ја немате контролата врз работите 


Тоа е чудна навика ,не сакате да ја знаат вашата тајна ,но во исто време се плашите дека вашите постапки може да ве откријат затоа што вие точно знаете дека не можете да го контролирате вашиот живот иако знаете кои сте ,каде сте. Секогаш ќе се најде нешто што не е во наша моќ да контролираме во нашиот живот.Но да си кажеме самите себеси за нештата и да веруваме во тоа се сосема различни нешта.Тоа може да не  истошти ,да не загрижува постојано.

Подготвила 

Бејбимама

 

Објавено:
16 ноември 2017
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
1.151 пати
Извор: 
www.providr.com