Кои се жените после 40-та година?

29 ноември 2016

Ранливи, понекогаш беспомошни, наивни, полни со доверба како кога имале 13 години, одамна заборавиле на романтика како кога имале 15 години, по пат го забораваат и ентузијазмот како кога имале 25 години и онаа рационалност како кога имале 30 години.
Многу имаат видено во својот живот. Понекогаш ги затвораат очите, а потоа ги отвараат и гледаат пред себе нов живот, нов свет.


Таа повторно верува во подобро, затоа што генерално сите лоши работи веќе им се имаат случено. Тие го добиваат најдоброто, затоа што се способни да го видат доброто онаму каде останатите не го гледаат.
Имаат изострен поглед, чувствителен слух и нежни раце. Се држат за она што е најдобро за нив. Убави се, не се само симпатични. Убави се затоа што се свесни за своето тело кое добива димензија на корисно, убаво, се грижат за своето здравје. Жените на овие години конечно почнуваат да го сакаат своето тело, привлекуваат машки погледи.


Приказните за милиони, кариеризам, друштвени статуси ни се веќе здодевни, телевизијата не станува релевантен извор ниту пак губиме време на социјалните мрежи.
Важен ни е мирисот, бојата, ритамот, музиката, способноста да се радуваме на секој ден. Одамна ги заборавивме вообичаените фрази, тактиките на заведување, подготвување на фустан за вечерно излегување. Се пронајдовме самите себе, вистинските наши години кога не губиме време на тривијалности.

Можеме повторно гласно да се смееме и да плачеме. Полека, но сигурно ги забораваме оние морални оклопи, оние наметнати однесувања во општеството, забрани и дозволи од некој за нешто. Не го сакаме она време кога треба да ја држиш главата горе било што да ти се случи, престанавме да ги криеме работите под килим, не сакаме да климаме со глава на сенешто. Дишеме во ритамот на животот, во ритамот на нашето сопствено земање воздух.


Ние жените после 40тата не сме „тетки“!

Ние носиме подолги здолништа затоа што се чувствуваме елегантно и женствено, но носиме и фармерки, бижутерија затоа што немаме потреба да докажуваме дали носиме дијаманти, кристали. Важно е тоа нам да ни се допаѓа. Сакаме да бидеме убави поради самите нас. Ние сме тренд за себе.
И знаете што?
Престанавме да ги броиме калориите.


Љубовта, интересот, желбата за живот, инспирацијата помагаат многу повеќе од сите фитнес центри. Затоа и жените на овие године се убави. Знаеме да ја почитуваме секоја минута, не доцниме, го почитуваме туѓото време. Сакаме да постигнуваме, да се бориме, да живееме. Знаеме дека и после 40-та животот станува уште поинтересен.

Бејбимама

Објавено:
29 ноември 2016
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
8.894 пати
Тагови: 
40 години жени