Немој да бидеш модна жртва!

7 декември 2015

Да се биде етикетиран како "модна жртва" не е особено пофална работа. Најголемите модни ентузијасти го користат овој израз да критикуваат одреден стил на облекување, пејоративно, но терминот зазема различни значења кога се однесува на различни луѓе.

Во обидот на определување на терминот МОДНА ЖРТВА би можеле да назначиме три дефиниции:

• Опис на модната жртва како некој кој ги прифаќа сите трендови без задршка и завршува со изглед на кукла во излог, со еден збор, апсурдно.

• Според втората, модна жртва е некој кој:
а) По правило купува само марки.
б) Опсесивен купувач со постојана потреба за купување.
ц) Оној кој се грижи само за тоа да облече парче кое е по последна мода не обрнувајќи внимание дали тоа му одговара или не.

• Третата дефиниција вели: "модната жртва" е некој кој купува парчиња облека кои се совршено во мода, но кога ќе ги облече изгледа совршено смешно.

Bо суштина, терминот "модна жртва би го опфатил сето тоа но и повеќе но во основа претставува некаква зависност.

Модна жртва во основа е персона која не се облекува на начин кој и ласка. Ова е затоа што таа не обрнува внимание на вистинското значење на модата, но исто така, може да биде и поради тоа што не го разбира она што функционира за нејзиниот тип на тело и начинот на живот и на крајот завршува со облекување во несоодветна облека за неа. Исто така, може да биде затоа што таа го следи секој моден тренд неселективно, без оглед на тоа дали овој тренд е соодветен за нејзиниот начин на живот, па дури и неатрактивен за неа. Без оглед на причината, облеката и изгледот на модната жртва се непривлечни или несоодветни или пак обете .

Терминот првично се однесува на персона коjа робува на модните трендови. Ова резултира со недостаток на личен или препознатлив стил. Оваа категорија , исто така, ризикува да се врзе со стилови, кои никогаш не можат да ги дофатат , и покрај сите најдобри тежнеења на дизајнерот.
Модна жртва е некој кој сака да е тренди толку очајно што ќе купи било што, што модните авторитети тврдат дека во моментот е во мода и потоа го комбинирa така несмасно што изгледа како слика на неталентиран сликар.

Модна жртва е исто така некој кој не може да се воздржи од купување, без разлика дали заканата е 5о или 500 евра, бидејќи тој очајно се труди да изгледа помодно. Да не се разбереме погрешно, да се изгледа убаво изискува извесна доза на напор, но на крајот облеката сепак треба соодветно да го одразува стилот, имиџот и самата личност.Затоа модната жртва ќе ја препознаете од далеку. Секогаш впечатлива но на нескладен начин, дури и во потполно до детали ископиран аутфит. Бидејки не е се во облеката која се става на себе- туку за тоа како таа се носи.

 

Би требало да бираме облека која на нас ќе изгледа убаво, а не она што останатите ќе го пофалат како модерно, Би требало секогаш да се чуствуваме удобно во тоа што го носиме, па затоа треба да се држиме до работите кои ја одразуваат нашата личност и вообичаен стил, имајќи ги при тоа, се разбира, приликите и пригодите на ум.

Особено не треба да се претерува со тренди облеката, и не мора да се купи секое можно тренди парче. Доволни се неколку актуелни парчиња секоја сезона кои ќе се мешаат и комбинираат со базичните во гардеробата. Тоа е безбеден начин да се изгледа најдобро можно, секој ден. Важно е да се одржи балансот меѓу базичната и тренди облека во гардеробата. Со други зборови, важно е гардеробата да не зависи од тренди облеката.

Набавката на новото парче облека треба да е и преиспитување дали го купуваме бидејки е "во мода" или затоа што ни е неодоливо .Затоа што ни се допаѓа или дали би го купиле ако нема знакче напред.
Добро е да се знае дека треба да се одбегнува да се нарекува облеката по дизајнерското име, на пример (мојот "Дизел"џинс). Со одвојување на парчето од производителот се навикнуваме да го гледаме како само за себе, онакво какво навистина е, без да не оптoварува брендот.

И на крајот иако медиумите и шоу бизнисот се главните промотори на трендовите, не го базирајте Вашиот изглед на она што го гледате во магазините и на ТВ. Ѕвездите многу често го предозираат трендот заради впечатливост и нивниот сјај и изглед веројатно не може да се преведе добро во реалниот свет.

Автор: Снежана Сани Богдановска

 

Објавено:
7 декември 2015
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
774 пати