Ние жените со 40 години и повеќе!

1 август 2017

Жената која има повеќе од 40 години никогаш нема да те разбуди на сред ноќ за што размислуваш, не ја интересира. Не сака да се бави со твојот сон каква и содржина тој да има.


Жената која има повеќе од 40 години многу добро се познава себеси и знае која е, што е, со што сака да се бави, кои работи и се приоритет, од кого сака и што точно сака. Многу малку жени на овие години се интересираат за некој втор, трет, комшиката, колешката. Тие научиле со годините да ја носат гордоста во себе и таа зрачи од нив.

Ретко се подготвени да направат сцена кога сте излезени надвор, на ручек, вечера, во театар, но од друга страна нема да се двоумат да „испукаат еден куршум или два“, но само ако поминат неказнето. Со годините стануваат видовити, смешно, но вистинито. Неа не треба да и кажеш што си направил, таа веќе знае. Убаво и стои црвен кармин, што не можете да кажете за некои млади убави ликови. Првите брчки на лицето се секси и привлечни за мажите, кои пак за волја на вистината се повеќе се интересираат за овие жени. Во однос на проблемите и работите кои не нервираат, ние жените над 40 години сме доволно искусни и отворени за да можеме сите работи да ги кажеме отворено, без заобиколување, без непотребни флоскули .Кажуваме кога некој е идиот и кога истиот тој ни го троши времето залудно.


Другата страна на орденот е што мора да се бориме, секако условно, со недоветни мажи. Иако имаат убав заоблен стомак на свои педесет години, не се откажуваат од својата умислена сексуалност, па го „кршат“ вратот по згодни млади девојки кои едвај имаат по дваесет години. Мислат во себе дека таа само нив ги чека во животот и со нив започнува и завршува се.

Жените кои имааат повеќе од 40 години нема никогаш да ве разочараат, имајќи го предвид  фактот дека не знаат добро да готват, секогаш ќе знаат добро да се снајдат и да го задоволат вашиот апетит. Немојте ни во сон да помислите дека лесно ќе ја освоите или ќе ја шармирате. Пред да почнете со вашите маневри таа веќе го знае вашиот следен чекор, вашата евентуална манипулација или свртување на погрешна страна. Знае со вас и да навива на утакмица, ама не затоа што вие сакате, туку затоа што таа го сака тимот. О,да! Се уште има фантазии, сонува и има вкус за добри мажи. Можеби тоа не го покажува јасно, но во себе си потпевнува и слатко се насмевнува. Од што ни е се јасно и бистро во умот на моменти ни е здодевно и најчесто наоѓаме утеха во добра книга, претстава или филм.


Добрата страна е што престануваме да бидеме робови на секојдневието и на  навиките. Многу ни е полесно да сме игнорантни и безгрижни. Сакаме на своите деца да им ја пренесеме безгрижноста и одговорноста, но во исто време стануваме свесни дека не сме се родиле да бидеме родители, ама  добро ја учиме лекцијата секој ден, секоја ноќ.
Ние што имаме повеќе од 40 години сакаме да љубиме, да се бакнуваме, да сонуваме и да бидеме ние. Ете, тоа сакаме!

Бејбимама

 

*користени илустрации на Малика Фавре 

Објавено:
1 август 2017
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
8.632 пати