Никогаш престари за мода

31 октомври 2016

Француската модна куќа Селин кога минатата година ја претставуваше пролетната колекција предизвика вистинска сензација. Причината беше американската писателка Џоан Дидион, која заедно со нејзиниот сопруг на почетокот на 70 - тите години од минатиот век беа едни од најплатените и најпознатите филмски сценаристи.

Неколку дена подоцна Ив Сен Лоран ја ангажира Џони Мичел, подоцна Кејт Спејд ја ангажира и 94 -годишната Ирис Апфел. Лореал исто така ќе ги помести границите и ќе потпише договор со 65 годишната Твиги.

Жените се потрошувачка каста, тие најдобро знаат што ним им треба. Во модниот свет сакале вие тоа да го признаете или не, постојат извесни стереотипи, дали се работи за исклучително слаби модели, каде преку нив дизајнерските имиња ги промовираат своите колекции, или пак андрогени лица кои се шетаат на модната писта или пак ги гледаме на рекламни кампањи.

Оној моден бренд кој истражува постојано и бара нешто друго кое ќе привлече внимание, тој секогаш по некое непишано правило и највеќе добива. Шармот на модниот бренд се негува, се надградува.

Последниов месец можеби за прв пат во историјата на македонската мода беше ангажирана манекенката Снежана Богдановска - Сани за потребите на новата колекција и фотосесија на модната куќа Елена Лука.

Ако појдеме од фактот дека сѐ повеќе се развива свеста кај повозрасните жени за идентификација и припадност кон нешто ново како што е нова дизајнерска колекција, тогаш Елена Лука погодила во целта. Одважноста на нивната моќ, потсетување дека не се „стари“, возможноста да се идентификуваат и со тоа да бидат среќни, ете тоа го видовме во оваа фотосесија .

Сани како вистински професионалец преку своите фотографии им порача на сите жени дека возраста нема ама баш никаква улога, туку она што го носиме внатре во себе, онаа наша радост, среќа покрај сите таги, солзи, бреме, тоа како еден вид духовна лектира може да го видиме од фотосесијата.

Да се чувствуваш добро на свои години и покрај цела онаа индустрија за подмладување, тоа е императивот што го раскажа Елена Лука. Тоа е таа нова пролет на која треба да се радуваме, таа бестрашност, самодоверба која се пренесува преку колекцијата. Тоа е нешто што публиката го сака, го купува.

Во време кога во јавниот живот сите се условно престарени после 35- тата година,тука има друга мисија. Да не заборавиме кои сме, зошто сме.

Елена Пандева како сопственик на брендот Елена Лука, од самиот почеток на нејзината приказна со модата давала шанса на нови лица,и стражувала прецизно што е тоа што недостасува на пазарот. Како што минуваа годините наоѓајќи се и самата во тие години на разни премрежја, истражувајќи го сопствениот идентитет, првично ќе биде иницијатор на оној успешен проект убавите жени во своите 40 - ти години каде продефилираа убави, успешни ликови, оти за волја на вистината, публиката има кратко памтење.

Така и овој пат инсистирањето на точно погодување во целта преку кастингот на Сани за нејзината нова колекција значи една жестока порака, а таа е да не ги заборавиме оние секогаш присутните, умните, докажаните жени.

Умните луѓе секогаш дејствуваат, оние незрелите секогаш критикуваат. Познато нели? Потребата да се допаднеш секому води кон неуспех. 

Кога последен пат сте се погледнале во огледало? Вие сте си самите себеси најголем непријател, соочете се со себеси така ќе ги победите сите. 

Радоста? Ја заборавивте некаде по пат ,  така? Таа треба да се дели, така ќе бидете посреќни. Радоста е онаа која е водилка токму во овој исчекор  за Сани и Елена Пандева. 

Само ја споделија и одеднаш на сите им текна дека можело! 

Заборавивме да се смееме, да се радуваме на нашиот успех, на успехот на оној до нас.

Постигнувајќи успех ги надминувате сите препреки, сите навреди.

Бејбимама

Објавено:
31 октомври 2016
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
1.274 пати