Се вљубуваме ли во нашите 40-ти години?

23 март 2017

Нема точен рецепт како да ја препознаеш љубовта, како да ја сочуваш, да знаеш дека таа е вистинската... Дали исто сакаме на 25 или на 50 години? Кога емотивната исполнетост најмногу не прави среќни и од што зависи на кое приоритетно место ќе биде љубовта.

Зошто е важна првата љубов?

Психолозите тврдат дека токму од оваа прва љубов зависат многу нешта почнувајќи од примарното семејство, бракот на родителите, воспитувањето на децата.

Но, ако претпоставиме дека се се одвивало нормално, сме се развиле во емотивно психички зрела личност, способни да ја прифатиме љубовта и да возвратиме, како тогаш сето ова се менува со текот на времето. Како сакаме со 18, 36 или на 50 години? Силно, жестоко, страствено?

Таа прва љубов нас не одредува, ја формира нашата претстава за љубов. Во тинејџерските денови таа е емотивно најстрасна, емотивно силна, органска, инстинктивна. Но, тоа ни се случува затоа што не сме во состојба да ја разграничиме љубовта од вљубеноста, што се сосема две спротивни работи, затоа што според дефиниција љубов е зрелост, а вљубеноста незрелост .

Така велат научниците... Но, оние пеперутки во стомакот, фантазирањето кое никако не престанува, идеализирањето, размислувањето за личноста која ја сакаме, еуфоријата која ги следи сите овие интензивни чувства, сето ова допринесува да го прикријат вистинскиот лик во кој сме вљубени. Да нема забуни може да бидеме вљубени во нашите зрели години кога сме психички и емотивно најстабилни, но најважно е да ја воочиме разликата. За што се работи тогаш? Ние реално и не сакаме, ги сакаме чувствата кои ги будиме во нас. Вљубеноста е состојба на помрачување на свеста, емотивно, хормонално лудило и затоа психолозите ја нарекуваат „незрела љубов“.  Вљубеноста е вид на инфантилност и таа порачува „не можам без тебе“, но е краткотрајно чувство, кое брзо отрезнува, често разочарува.

Последицата на вљубеноста како емотивна незрелост е и погрешна претстава како сите „драмиме“ дека сме несреќни во љубовта и на тој начин да не онеспособи целосно да се реализираме емотивно.


Во нашите млади години сакаме да ја идеализираме личноста која ја сакаме, тоа може да ни се случи и во средните години, па и во подоцнежните секако. Стапувањето во брак на многу малди години, погрешните ставови, забраните да се покажат емоциите, сето ова допринесува да се ирационализира еуфоријата на вљубување. Во тие моменти се изгледа многу посилно, поубаво од што вистински е и животот добива друга димензија.

Но, заблудите иако се силни многу кратко траат.

Имено личностите кои во нашите 40-ти години развиваат фантазија и ирационална слика за личноста која се појавува во животот, многу брзо се отрезнуваат поради веќе стекнатото искуство низ текот на годините. Проекцијата на совршената жена или маж во која сме вљубени веќе не е фокусот кон него или неа, туку кон нас самите, кон нашите стравови, потреби, желби. Затоа вљубеноста како релација е само привид, а љубовта е сосема спротивен однос како фокус кон личноста која ја сакаме. Разликата на релација вљубеност и љубов е само вашиот однос кон реалноста. Вљубеноста ви го заматува умот, љубовта ви го разбиструва.

За да сакаме мораме да проникнеме во суштината на човекот, а ако го сакаме и покрај сите недостатоци и маани кои тој ги поседува, тогаш тоа е тоа вистинското. Во љубовта вашето его треба да е спокојно, личноста ги носи одлуките трезвено, рационално и сака да сака. Кога сме вљубени мислиме дека не можеме да живееме без тој некој, но зрелата љубов ни дава поткрепа дека можеме и умееме сами, тој некој нам ни го збогатува животот, имаме доверба, го заслужува нашето внимание.

Љубовта во нашите 40-ти години не ни носи константно силни чувства, но ни носи повремена младешка љубов која е проткаена со интензивни реакции, чувства и страст. Зрелата љубов доаѓа со комплетниот развој на личноста, а статистиките покажуваат дека иако постојат исклучоци, најмногу вљубувања се случуваат до вашата 40-та година.

Сите емотивни врски нам ни допринесуваат да се соочиме со криза на идентитетот, ги преиспитуваме нашите улоги до каде може да одиме, да ја прифатиме нашата улога на жена, улогата на мажот. Реалноста на нашите желби ги знаеме во овој период на животот, оти секој циклус на разочарување и симнувањето на розовите очила не прави да дојдеме на ниво што сакаме, со кога сакаме, до кога сакаме и колку сакаме. Велат дека најмногу знаеме да сакаме од 40-тата па натаму. Ги имаме совладано нашите комплекси од младоста, сме престанале да се докажувама себеси па и на другите, сме го изградиле својот мир, спокојство и партнерот би требало да дојде како круна нашиот успех. Љубовта најмногу не исполнува во овие убави средни години.


Ако веќе се имаме формирано како личност, веќе сме смирени и рационални, но се уште сме млади да ја прифатиме љубовта. Нашето тело е нашиот замок, стануваме свесни за нашите недостатоци, знаеме што сакаме што не сакаме. Да, можеби сме расчистиле со поранешните сопрузи, партнери кои не ни одговарале, но тоа се сепак драгоцени искуства, сето тоа искуство ни е предуслов во љубовта да уживаме најмногу, да не ни биде терет туку мотивација. Единствен предуслов е прво да се засакате самите себеси за да го засакате оној другиот.

Во нашите 40-ти години ги напуштаме илузиите дека можеме некоја личност да ја смениме и да бидеме спасител на истата, туку ги прифаќаме сите недостатоци кои партнерот ги има и разговараме за нив постојано .

Бејбимама

Објавено:
23 март 2017
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
4.191 пати