Вистинските жени се заборавени

13 февруари 2018

Автор: Небојша Толески Она што се прикажува на модните писти, во каталозите и рекламите не значи дека секој може да го има или пак дека таквата облека секој може да ја носи. Манекенките се создадени да ја рекламираат облеката која мора добро да им стои за во очите на купецот да се создаде желба да го купи производот.

Светот е преплавен со модни блогерки, светски музички и филмски ѕвезди кои секојдневно ни сервираат вито тело и облека создадена за нивните пропорции. Обичната жена тоа го гледа и мисли дека и таа може да изгледа приближно така. Ама едно се желбите, друго е реалноста. Зад секој добро пласиран моден призвод постои една цела машинерија која ќе направи се за да има што поголем профит од тоа што го продава. Фино спакуван, одлично прикажан пред публиката, на манекенка или на некоја позната личност, со многу шминка, фотошоп и естетски зафати, призводот изгледа беспрекорно. Дали така ќе изгледа и на една просечна жена? Во бутиците и брендираните продавници има куп облека, ама тешко дека нашите дами со традиционални пропорции на телото можат да најдат нешто соодветно за нив.

Претежно сè им е мало. Креациите како да се наменети само за слаби и за девојки со убава линија. За постарите госпоѓи дури и да нема облека согласно нивните години и физикусот. Модата не е само гламур, скапи материјали и модни шоуа. Реалните жени се соочуваат со вистински проблем кога е во прашање изборот на облека и често пати можеме да ги видиме облечени несоодветно, од пуста желба да изгледаат што поубаво. Некои дури се обидуваат да ги копираат локалните пејачки кои нудат претеран перверзен секси изглед, па сето тоа наликува на катастрофа во движење.

Секогаш постојат неколку совети за соодветно облекување. Ако не можете да си најдете нешто убаво по бутиците, најдобро би било да си сошиете или да посетите моден дизајнер. На жените со вишок килограми подобро им стојат здолништа или фустани отколку панталони. За нив е идеален" А" крој. Материјалите не треба да се лепат за телото или да бидат претенки. Деколтето и линија на средината на облеката визуелно ја издолжува фигурата. Кога одите на шопинг, купувајте парчиња кои не ви се претесни, туку пријатни за носење. Не е добро ни да се следи трендот. Можеби токму вам не ви одговара фустан од кадифе кој може да ве направи подебели отколку што сте! Не се плашете! Секогаш ќе најдете нешта кои ќе ви се допаднат и кои добро ќе ви стојат ако знаете што сакате, го познавте своето тело и знаете дека инстант стилот е за една употреба.

Обидете се да бидете реални кон себе. Задржете го вашиот личен печат, но информирајте се, читајте за модата, согледајте што ви прилега, а што не. Кога ќе се видите во огледало бидете најдобрата верзија од себе, но не со партали кои ќе ги носите затоа што тоа се носи, туку со нешта кои ќе ви влеат самодверба и нема да се поднаместувате на секои пет минути за да го прикриете на пример стомакот или задникот.
А, токму личниот стил е важна и моќна форма на комуникација. Со него им соопштувате на луѓето многу работи за вас, го откривате својот статус, амбиции, вкус, темперамент. Им ставате до знаење на другите колку ги цените...

Содржината е личен став на авторот

Објавено:
13 февруари 2018
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
708 пати