Одиме на пролетен распуст во Порто!

15 април 2019

Ако сè уште не сте испланирале на која дестинација ќе го поминете вашиот пролетен распуст или пак слободните денови што следуваат, тогаш ова е супер дестинација за која можете да размислите.

travel_in_portugal

Како што многумина ќе кажат, патувањето во Португалија може да биде една од најдобрите одлуки во вашиот живот.

escape

Веднаш што ќе стигнете во Порто, прво што ќе ве воодушеви се неверојатните плажи од кои навистина можете да бирате, без разлика дали сакате нешто раскошно или пак сакате да ѝ се вратите на природата со недопрени плажи.

travel_in_portugal

Ова е всушност градот по кој државата го има добиено името и место на кое морате барем да застанете ако планирате да летувате на некоја друга дестинација во Португалија.

croisieurope

Порто е вториот град по големина по Лисабон и место во кое ќе се вљубите на прв поглед благодарение на огромниот број знаменитости по кои е познат.

air_transat

Покрај плажите, задолжително посетете ја катедралата Св.Франциск која е едно од најпознатите обележја во местото, но и винските подруми во кои лежат години традиција.

travel_in_portugal

За сите оние кои сакаат да се забавуваат, Порто има фантастичен ноќен живот, а тука е и вкусната кујна и рецепти за гурманите.

Сепак, најголема атракција се прекрасните плажи до кои може многу брзо и лесно да се стигне со јавен превоз од центарот на градот, а кои дефинитивно мора да ги посетите.

air_transat

Секако, доколку планирате патување на еден ден, лесно можете да стигнете и до подалечните ресорти на кои ќе бидете сведоци на недопрена природна убавина кога се плажите во прашање.

Сè уште размислувате за вашиот пролетен одмор?

Инфо: Bojnour.ba, Getbybus.com

Објавено:
15 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
574 пати