Со купена карта за Иглесиас добиј карта за Џон Њуман

9 јуни 2016

Бидејќи  јуни е навистина историски најбогат месец со сериозни светски концерти во Македонија, Купи Карти За Се во соработка со Авалон Продукција, реши да направи акција со која ќе се потруди да им овозможи на сите оние што сакаат да бидат присутни на двата концерта што следат (Енрике Иглесиас и Џон Њуман).

„Бидејќи концертот на Иглесиас, закажан за 20-ти јуни е пред целосно распродавање, одлучивме дека од утре секој што има билет за неговиот концер, може да оди на истото продажно место каде што го купил и да си добие влезница за концертот на Џон Њуман кој е утредента после концертот наЕнрике, и тоа со 50 % попуст“, велат организаторите.

Да појасниме. Доколку сте купиле влезница за Енрике и сте платиле 1500, 1990, 2600 или 3100 денари (во зависност од категоријата) со доплата од 500 денари, можете да добиете карта за Њуман за партер, или за доплата од 700 ден, можете да добиете карта за фан пит или трибини!

Оваа акција е ограничена и важи само за првите 3000 луѓе коишто имаат купено карти за концертот на Енрике.

Билетите можете да ги побарате на сите продажни места на Купи Карти За Се низ Македонија.

Објавено:
9 јуни 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
964 пати