10 работи што можеби не ги знаевте за Венеција

30 април 2018

Во крајот на мај, следат уште неколку слободни дена, кои можете да ги искористите за кратко патување. Понудите за Венеција по нашите туристички агенции се најчести.

Ако можеби овој град е вашиот избор, во продолжение ќе прочитате и неколку работи што можеби и не сте ги знаеле, а кои ќе ве заинтригираат уште повеќе да уживате во убавините на Венеција:

-Во Венеција има 177 канали по кои пловат околу 400 гондоли, како и 417 мостови, а дел од нив се во приватна сопственост.

-Гондолите се изработени од осум различни видови дрво и 280 дрвени даски.

- Потрагата по некоја улица во Венеција не е само проблем за туристите. Куќните броеви се одредуваат според квартови, а не по улици, па дури и поштарите некогаш се користат со мапи за да го најдат точното одредиште до кое треба да стасаат.

-Гондолиерството со години наназад се смета за машка професија, но меѓу мажите има и една жена. Нејзиното име и Џорџија Босколо, која инаку е ќерка на гондолиер. Во 2010 година го положила квалицискиот испит, кој инаку не е воопшто лесен и така станала првата и за сега, единствена, жена гондолиерка во Венеција.

-Градот има 450 палати, изградени од имотните трговци, а речиси сите се пренаменети во музеи кои ги посетуваат илјадници туристи дневно.

-Во Венеција се наоѓа една од најтесните улици во светот – Caletta. Широка е само 53 сантиметри. Инаку, улиците во Венеција се толку тесни бидејќи воопшто и не било планирано овој град да има улици. Тие се последица на вишок просторот помеѓу куќите. Улиците всушност се сметаат за канали, од кои се влегува во куќите.

-Имајќи го она од претходната точка, во Венеција се забранети и автомобили, но и велосипеди.  

-Години наназад голем број од жителите на Венеција се иселуваат од градот. Порано таму живееле околу 200.000 жители, а денес има околу 56.000. Главните причини поради драстичното намалување се високите животни трошоци и одржувањето на куќите, како и честите поплави. Сепак, тоа не е причина градот да не прими преку 20 милиони посетители секоја година. Постои и верување, имајќи го предвид размерот на жители и туристи, дека Венеција во иднина ќе стане исклучиво туристички град во кој нема да има ниту еден жител.

-Во контекст на туризмот, во Венеција има преку 4.000 хотели.

-Препознатливост на Венеција се и маските, кои ги изработувале уметници, познати во угледните кругови. Денес се носат на карневалот, а најчесто се изработени од кожа или хартија. Често се украсуваат со детали од гипс со позлата, а на некои има и скапоцени и полускапоцени камења.

Погледнете ги и останатите фотографии:

 

фото: handluggageonly.co.uk; flytographer.com; 

Објавено:
30 април 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.355 пати