15 работи што треба да ги направиме во 2018

2 јануари 2018

Весникот „Њујорк Тајмс“ со почетокот на новата година направи листа на нешта што би требало да ги направиме во 2018 година што ќе придонесат да бидеме подобра верзија на себеси.

“Тајната“ на успехот на оваа листа е што тоа се секојдневни работи на кои забораваме или пак кои не ги гледаме на начин на кој би требало.

Во продолжение прочитајте ја нивната листа и инспирирајте се да направите ваша на работите што ќе ви ја направат и годината а и вас подобри.

1. Прифатете ги работите што не можете да ги смените

2.Носете удобна долна облека.

3.Гледајте некого што го сакате во очи точно четири минути.

4. Не исчезнувајте од нечиј живот туку-така. Еден ден би можеле да се најдете и вие на местото на оној што чека одговор.

5. Бидете дарежливи кон оние што ви помогнале во неволја.

6.Бидете добри кон децата.

7. Облекувајте се така што ќе се чувствувате самоуверено и моќно.

8.Ако се разделите со партнерот, бидете љубезни и добри.

9. Пробајте да се откажете од цигарите. Всушност, фрлете ги!

10. Купете/вдомете домашно милениче.

11. Поставете си цели и задачи, пред сè некои за кои сте сигурни дека никогаш не би ги направиле, и демантирајте ги.

12. Борете се за врската/бракот.

13. Водете сметка за сексуалниот живот и користете заштита.

14. Никогаш не велете: „Престар/а сум за ова!“.

15. Не робувајте им на електронските уреди и социјалните мрежи!

 

 

 

Објавено:
2 јануари 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
745 пати
Извор: 
New York Times