18 девојчиња болни од рак станаа модели

26 август 2016

Фондацијата „Замисли желба“ (Make-A-Wish) од Лос Анџелес, вчеравечер им ја исполни желбата на 18 девојчиња болни од рак.

Една од нив е и 15-годишната Стејси, која макар за една вечер се почувствува како вистински супермодел.

Стејси и Петра

Стејси заедно со другите девојчиња претходно одеа на часови по манекенство кај познатиот модел Петра Немцова, подготвувајќи ги за шоуто што за првпат воопшто некаде се одржува.

Домаќин на вечерта беше познатиот стилист Бред Горески, а модното шоу се реализираше и во соработка со брендот BCBG Max Azria, кој се погрижи за креациите. Лубов Азриа лично присуствуваше и се фотографираше со дечињата на црвениот килим пред почетокот на шоу-то.

На пистата пак, дел од учесниците беа придружувани од Петра Немцова и актерката Алиса Милано, која долго време е поддржувач на фондацијата.

Целиот настан бараше свечен-дрес код, а останатите присутни гости имаа за цел да го помогнат фондот со средства за децата болни со смртоносни болести.

Иако ова е прво шоу од ваков тип, сепак не е првпат фондацијата да им помогне на децата да ги остварат своите соништа поврзани со модата. Пример за тоа е 16-годишната Зои, која сакаше да има фото-сесија во „Харперс Базар“, а фондацијата му помогна и на 11-годишната дизајнерка Ноа Сорел да го одржи своето прво модно шоу за време на модната недела во Лос Анџелес.

Инаку, од основањето во 1983 година до сега, фондацијата во Лоа Анџелес одобрила 9.000 желби. Годишно се одобруваат околу 350 желби на локално ниво, а речиси двојно повеќе чекаат на одговор.

Во продолжение погледнете ја 15-годишната Стејси како го остварува својот сон:

 

 

Објавено:
26 август 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.195 пати