18 правила на Далај Лама

27 септември 2016

На почетокот на новиот милениум Далај Лама ќе објави 18 правила за успешен и среќен живот кои во секојдневието можат да ги применуваат сите луѓе со добра волја, независно од својата религиска и политичка определба.

1. Имајте секогаш на ум, големата љубов и големите успеси нужно вклучуваат голем ризик.

2. Во животот не може да победите секогаш, но многу е важно кога сте поразени да ја научите лекцијата...

3. Следите ги овие три правила: почитувајте се себеси, почитувајте ги другите и превземете одговорност за своите постапки.

4. Понекогаш најдобра работа што може да ви се случи е да не го добиете тоа што го сакате.

5. Добро да ги научите правилата и на тој начин да знаете како да ги прекршите истите.

6. Не допуштајте малите несогласувања да ви наштетат на големото пријателство.

7. Кога веќе ќе видите дека сте згрешиле, веднаш сторете се да ја исправите грешката.

8. Секој ден одвојте барем малку време да бидете сами со себе.

9. Не се плашете никогаш да направите нешто ново, но не ги напуштајте сопствените вредности.

10. Тишината е понеогаш најгласен одговор.

11. Живејте добар и чесен живот. На тој начин кога ќе остарете и ќе почнете да размислувате за сопствениот живот, ќе може одново да уживате по втор пат.

12. Атмосферата на преполна љубов во вашиот дом е темел на вашиот живот.

13. Кога имате несогласувања со саканите личности, бавете се само со сегашноста, никогаш не се бавете со минатото.

14. Учете и споделувајте го вашето знаење со останатите. Тоа е единствен начин да останете бесмртни.

15. Чувајте ја природата.

16. Еднаш годишно одете на место на кое не сте биле претходно никогаш.

17. Запаметете дека најдобра врска е онаа во која љубовта еден кон друг е посилна од потребата еден за друг.

18. Вашиот успех проценувајте го според тоа од што се сте морале да се откажете да го постигнете тоа.

Објавено:
27 септември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.853 пати