2 CELLOS конечно со големо арена шоу во Скопје!

27 март 2018

Концертно најуспешните светски музички атракции во моментов, дуото 2 CELLOS оваа есен доаѓа во Скопје.

Во рамки на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум "Score", популарното дуо ќе настапи во Скопје на 06-ти октомври годинава, во ВИП Арена.

2 CELLOS за прв пат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис- да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали, што до нивното појавување беше незамисливо за една кросовер музичка атракција.

Од „Авалон продукција“ информираат дека сите детали околу влезниците за овој музички настан, кој би требало да ја одбележи оваа есен во Македонија ќе бидат познати во среда во 19 часот, на ова место.

 

Објавено:
27 март 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.416 пати