20 работи што не сте ги знаеле за „A star is born“

29 октомври 2018

Режисерското деби на Бредли Купер, „A star is born“, руши рекорди. Прогнозите за тоа дека Лејди Гага би можела да добие Оскар за нејзината прва филмска улога, се сè почести. Музиката е фантастична, а песната „Shallow“ е најпродаваниот сингл во Велика Британија во моментов.

Она што го видовме на големото платно несомнено нè освои, но она што се случувало зад сцената, сигурни сме дека ќе направи уште повеќе да го засакате овој филм.

Сепак, доколку не сте го гледале филмот, подобро е да се навратите на текстов откако ќе го сторите тоа:

 

1. Барбара Срејсенд и Крис Кристоферсон биле чести гости на снимањето на филмот, бидејќи токму по нивната верзија на филмот снимена во 1976 година е базирана оваа од 2018.

фото извор: tennessean.com

 

2. На почетокот на филмот, кога Лејди Гага излегува од ресторанот каде работи, ја пее песната „Somewhere Over the Rainbow“, но тоа не е случајно. Се работи за уште една посвета, овој пат на Џуди Гарланд која ја толкува главната женска улога во остварувањето од 1954 година.

 

3. Првичната замисла била филмот да го режира Клинт Иствуд, додека за главните улоги во избор биле Вил Смит и Бијонсе, односно Џенифер Лопез и Леонардо Дикаприо.

 

4.Начинот на кој се запознаваат Лејди Гага и Бредли Купер е многу сличен на оној во филмот. Имено, двете ѕвезди присуствувале на една хуманитарна гала, а Гага за таа пригода ја испеала песната „La Vie en Rose“. Подоцна, Бредли ќе им открие на американските медиуми дека бил воодушевен од гласот на Гага. „Нејзиниот глас беше како дијамант, не можев да ја извадам од глава. Ми се допаѓаше и начинот на кој се движи. Знаев дека е совршена за улогата, па веќе следниот ден отидов за Малибу во нејзиниот дом на состанок“, ќе каже Купер за „Вог“. Сценариото за филмот го пишувал од 2015 година.

 

5.Откако Гага ќе ја прифати улогата, во раните фази на подготовките, Бредли оди кај неа дома и ќе ѝ рече да ја извади сета шминка: „Сакам да бидеш сосема отворена. Без маски и трикови“.  Гага ќе го потврди тоа: „Ја сменив фризурата, не носев шминка со месеци пред да го снимаме филмот, за да „влезам“ во ликот и да се навикнам да се гледам таква“.

фото извор: billboard.com

фото извор: popsugar.com

 

6."I just wanted to take another look at you" е една од речениците што го одбележаа филмот, но и тоа не е случајно. Всушност, таа реченица се појавува во секоја верзија на „A Star is Born" и ги поврзува.

 

7. Како и главниот лик Џексон Мејн, и Бредли Купер се борел со зависноста. Во текот на дваесетите  години од животот, бил зависник од алкохол и таблети против болки. Трезен е од 29 година, а денес има 43.

 

8. Од друга страна, Лејди Гага призна дека како и Али, бројни луѓе од музичката индустрија ја убедувале дека нема да успее како пејачка, бидејќи физички не е доволно привлечна. Исто така, ѝ советувале дека мора да направи естетска операција на носот. Бредли го завршил сценариото, размислувајќи многу за неа: „Ја прашував многу прашања, сакав да вклучам многу од нештата што таа ми ги кажа. На тој начин го формирав ликот Али“, изјави актерот во една пригода.

фото извор: labs.mil.up.p

 

9. Гага му помогнала на Купер да почувствува што се случува зад сцената на живите концерти, а била искрена и за тоа колку дрогата е навистина достапна кога веќе еднаш ќе станеш познат.

 

10. За да му даде на филмот чувство на автентичност и природност, Купер одлучил да ги ангажира „вистинските“ танчари на Гага, нејзиниот кореограф, како и фризерите и шминкерите кои секојдневно се грижат за неа и во реалниот живот.

 

11. Сцените во филмот, каде тие настапуваат, навистина се снимени на музички фестивал и тоа „Коачела" и „Гластонбери". Тие што сакале да присуствуваат на настапите на Лејди Гага и Бредли Купер требале да доплатат 10 долари и да се облечат во склад со кантри музиката која ја изведува Џек Мејн во филмот.

фото извор: Pinterest.com

 

12. Ликот Џексон Мејн, поточно начинот на кој настапува, е базиран на Еди Ведер од „Перл Џем“. „Отидов до Сиетел и поминав четири или пет дена со него. Го прашав 9.000 прашања“, изјави во една пригода Бредли. Исто така, постои податок кој вели дека Еди му кажал да се откаже од филмот, но очигледно и за среќа, актерот не го послушал.

 

13. Бредли одлучил дека Џек ќе ја симнува капата кога излегува на сцена и кога настапува, со што сака да покаже дека не се крие. И во сцената во гаражата, тој исто така ја симнува капата и уште еднаш се „открива“ соема. 

фото извор: refinery29.com

фото извор: refinery29.com

 

14. Кучето во филмот е кучето на Бредли Купер во реалниот живот и навистина се вика Чарли. Името му е дадено по починатиот татко на актерот. „Џек и Али немаат деца, но имаат куче и сакав поврзаноста да биде вистинска. Исто така, со тоа на некој начин сакав да направам сеќавањето на татко ми да биде присутно", ќе рече актерот.

фото извор: refinery29.com

 

15. Во сцената во која Боби (Сем Елиот) и Џек се расправаат, Бредли Купер навистина плаче. Како е познато, уште на првата читачка проба, тој не можел да ги сокрие солзите, а така било и за време на снимањето.

фото извор: refinery29.com

 

16. Инаку, уште пред да се согласи Сем Елиот да го толкува неговиот постар брат во филмот, Купер потрошил шест месеци со учител по дијалекти, за да успее да го долови тексашкиот дијалект што Елиот го негува. „За среќа прифати веднаш инаку, тие шест месеци ќе беа фрлени во вода“, се пошегува Купер во едно интервју.

 

17. За пеењето, Бредли со Лејди Гага работеле 18 месеци. Шест месеци, секој ден имал по два часа вежби по гитара и два часа по пијано. Освен нив двајца, во создавањето на музиката во голема мера учествувал и Лукас Нелсон, синот на Вили Нелсон.

фото извор: Pinterest.com

фото извор: Pinterest.com

 

18. За време на снимањето, Гага добива повик дека нејзината најдобра пријателка и менаџер, Соња Дурам е пред умирање. Таа боледувала од рак во четврти стадиум. Без да каже некому, дури и на Бредли, Гага на сред снимање влегува во кола и оди да ја види својата пријателка на смрттна постела и да се збогува, но ќе задоцни 10 минути. Во немоќ, ќе му рече на сопругот на Соња: „Не знам што да правам", а тој ќе ѝ рече: Ќе го направиш она што Соња би сакала најмногу да го правиш - да пееш". Таа ќе го послуша и ќе се врати на снимањето. После еден час возење, ќе дојде и ќе му каже на Бредли, а тој ќе сака да го прекине снимањето. Но, не и Гага. Тогаш ќе биде снимена и последната песна во филмот „I'll Never Love Again". Гага ќе ѝ ја посвети на Соња, а солзите и емоциите се вистински. Бредли ќе го земе екранот, ќе ѝ ја покаже снимката и ќе рече: „Ова ќе биде последната сцена во филмот", мислејќи на нејзините солзи и искрената емоција во очите и изразот на лицето.

фото извор: Pinterest.com

 

19. Купер го посвети ова остварување на неговата менторка Елизабет Кемп, која почина во 2017 година. А Гага пак изјави дека сака гледачите по гледањето на филмот да си речат: „Го изгледав филмот, се исплакав и научив нешто за себе".

 

20. На премиерата, публиката го искажала своето воодушевување преку овации во траење од осум минути.

фото извор: refinery29.com

фото извор: Pinterest.com

 

извор: buzzfeed.com; thisisinsider.com; refinery29.com;

Објавено:
29 октомври 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.809 пати