21 издание во 21 век ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ

12 декември 2017

Вака гласи најавата за претстојната „Златна бубамара на популарноста“ која годинава ќе се одржи по 21-ви пат.

Подготовките се веќе во тек, а во продолжение ви го пренесуваме нивното соопштение по тој повод:

„Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, доаѓа 21 издание на Златна БУБАМАРА, кое не смеете да го пропуштите. Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено ни преостанува - добра забава! 

Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС! 

Затоа излезете од општествениот притвор и отворете ги портите за многу подобар живот!
ЧАКАМ ТЕ ДА ДОЈДЕШ, ЧАКАМ ТЕ СОС БУЈНА СТРАСТ – Нова власт, со иста сласт

„Златна Бубамара“ ќе се оддржи за последен пат оваа година и за прв пат во Вип Борис Трајковски. Дојдете заедно да аплаудираме, пееме и да се насмееме со најпопуларните ѕвезди од Македонија и Западен Балкан.

Патни трошоци не ви признаваме, а за другото че разговараме, дискутираме, дебатираме. И да знаете колку и да трае – ЧЕ СИ СЕДИТЕ!!

Музичкиот спектакл ќе се оддржи на 24.февруари, а традиционално - сценариото, наградените и учесниците се наше дискреционо право.

Дел од билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба на 20 декември преку МКТИКЕТС.
Минатата година беше срушен рекордот во он лајн продажба кога за само 5 минути имаше барање за купување 12 000 билети, билетите беа продадени за рекордни 5 минути-оваа година нека се продадат за 2.

Објавено:
12 декември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
398 пати