30 фотографии од кои ќе посакате да го посетите Лисабон

21 јуни 2019

Португалија како туристичка дестинација добива сè повеќе на популарност. Доколку го планирате одморот таму, поточно во Лисабон, сигурни сме дека текстов и фотографиите само уште повеќе ќе ја зголемат желбата што побрзо да го видите.

Доколку пак сè уште не е на вашата листа, размислите уште еднаш!

Лисабон уште го нарекуваат и градот на седумте ридови и е еден од најстарите градови во светот. Посебно привлечно е што низ градот тече реката Тежу, која се простира на два брега - едниот се наоѓа во португалската престолнина, а другиот на градовите Монтижу и Алмада. Двата брега ги соединуваат два моста - Васко де Гама, за кој се смета дека е најдолгиот во Европа и мостот „25 април“, кој многумина го поистоветуваат со „Златната врата“ во Сан Франциско.

Во главниот град на Португалија нема да оддолеете на тесните улички и куќите во убави бои и дезени, посебно впечатливи поради плочките азулежу, кои се обележје на градот и државата.

 

Ако го посетите овој град не пропуштајте ја можноста да патувате со транвај, како и да посетите некои од нивните кафулиња или ресторани, каде ќе вкусите одлична храна. 

Уште една особеност што го разликува градот се старинските жолти (а понекогаш и црвени) трамвајчиња, кои елегантно итаат низ градот и им овозможуваат на љубопитните туристи максимално уживање.

За оние кои уживаат во слатките Португалците го имаат оригиналниот десерт „Паштел-де-ната“. Во 2011 година, оваа корпичка од тесто поделено на слоеви, со крем од млеко и јајца беше прогласена за една од седумте гастрономски чуда на Португалија. Ова благо го има во секое кафуле, иако се смета дека оригиналниот рецепт е тајна која ја знаат само во слаткарницата Pasteis de Belem.

Покрај тоа, во Лисабон задолжително мора да се проба енергичниот вишнов ликер жинжа.

Зајдисонцето можете да го дочекате во познатиот ресторан Povo, каде ќе уживате во звукот на португалската романса фаду.

На познатиот веб-сервис за изнајмување на станови и апартмани „Ер-би-ен-би' можете да најдете фантастични понуди и во поглед на цена (соба за 15 евра на пример или престој во хотел со 3 ѕвезди за 50 евра за двајца), но и во поглед на она што го добивате за парите.

Во продолжение погледнете 30 фотографии кои ќе посведочат за ова што го зборуваме и поради кои ќе посакате веднаш да се телепортирате во Лисабон:

 

Објавено:
21 јуни 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
223 пати