Факти што не сте ги знаеле за култниот филм

30 години од „Dirty Dancing“

18 август 2017

Култниот филм „Dirty Dancing“, со Патрик Свејзи и Џенифер Греј во главните улоги, слави 30 години од првото појавување. Американската премиера се случи на 21.08.1987 година и никој не веруваше дека филмот снимен со буџет од 5 милиони долари, ќе оствари заработка од 214 милиони долари (според поновите податоци) и ќе стане едно од најпопуларните филмски остварувања во историјата. Во 1987 година ќе се најде на 11-тото место на листата на филмови со најголема заработувачка.

Во чест на 30-годишнината на филмот, во продолжение ќе прочитате неколку интересни факти за снимањето, како и музичкиот хит „The time of my life“.

 

Сценариото е инспирирано од вистинска приказна

Сценаристката Елеонор Бергштајн всушност ја преточила својата приказна во филм. Во текот на 1960-тите нејзиното семејство одело во посета на Кетсклс, ја викале „бејби“ до нејзината 22 година, а научила како да танува благодарение на домашните забави.

Сцената со лазење по подот не била планирана

Патрик и Џенифер се загревале за следните сцени лазејќи по подот и шегувајќи се. Но, режисерот Емил Ардолино го забележал тоа, му се допаднало и го замолил да го повторат истото пред камера, што се покажало како одлична одлука.

На Патрик му биле понудени милиони за снимање на продолжение

Дури ни понудата од шест милиони долари не била доволна за да го убеди да се појави во продолжение. Него воопшто не му се допаѓала идејата за нешто такво. После речиси две декади, одлучува да се појави во Dirty Dancing: Havana Nights.

Главните актери се десет години постари од ликовите што ги толкуваат

Џенифер тогаш имала 26 години и имала само 5 минути време на аудицијата да ги убеди дека таа може да се „претвори“ во 16-годишна девојка. Патрик пак, имал 34 години, а Џони има 24 години.

Патрик сам ги смислувал своите трикови

Актерот инсистирал за сите трикови поврзани со танцот да бидат оставени на него. Во текот снимањето на сцената на дрвтото, тој паѓа и го повредува коленото многу лошо, по што морал да ја извади сета течност од него.

Две недели за вежбање

Актерите имале само две недели за да ги научат сите кореографии и танцови чекори, што е секако многу краток период. Всушност, целиот филм е снимен за само 44 дена, што од оваа перспектива изгледа неверојатно.

Сара Џесика Паркер и Били Зејн исто така биле на аудицијата за Бејби и Џони

Улогата на Џони му била понудена и на Вал Килмер, но тој ја одбил. Инаку, првобитната замисла била Џони да биде Италијанец, но Патрик Свејзи со својата појава ги предомислил продуцентите.

Сцената со скокоткањето е вистинска

Џенифер Греј била многу скокотлива, така што смеењето за време на сцената било искрено. Но, исто така и нервозата на Патрик, кој не можел да го поднесе тоа нејзино смеење. Инаку, општо познато е дека двојката не се поднесувала поради претходно лошо искуство за време на снимањето на „Red Down“. Џенифер сметала дека Патрик е кретен, па тој морал да ја убедува дека треба да прифати да биде дел од остварувањето. Успеале да создадат коректен однос, што резултираше со тоа да станат една од омилените филмски двојки во текот на три децении.

Сцената на езерото е снимана во октомври

Нема блиски кадри од сцената во езерото, бидејќи е снимана во октомври. Водата била толку студена, што нивните усни биле модри и продуцентите одлучиле дека нема потреба да се снимаат одблиску.

Дрвјата се боени со спреј

Со оглед дека во октомври лисјата веќе имаат портокалово-жолта боја, лисјата биле боени во зелено со спреј.

Најизнајмувано видео

Касетата со остварувањето е најизнајмуваното видео во 1988 година.

Музиката од филмот е продадена во 32 милиони примероци

Во 1988 година е издаден и албумот „More Dirty Dancing“, каде се наоѓале трите популарни поп-синглови – „(I’ve Had) The Time of My Life“, која ја изведуваат Бил Медлеј и Џенифер Варнес; „She’s Like the Wind“ на Патрик Свејзи и „Hungry Eyes“ на Ерик Кармен.

„Dirty Dancing“ – звучи како лош порно филм

Кога Бил Медлеј слушнал дека треба да отпее песна за филм што се вика „Dirty Dancing“, му звучело како наслов на лош порно филм. Но, сепак ја снима песната, иако не верува дека нешто посебно ќе се случи. Три години подоцна, тој пее уште песна за уште едно остварување со Патрик. Овој пат се работи за „Ghost“, за песната „Unchained Melody“. Биографијата на Медлеј е насловена како „The Time of My Life’

Филмот не, но песната доби „Оскар“

„(I’ve Had) The Time of My Life“ е хитот број 1 во ноември 1987 година, продаден во повеќе од 500.000 копии. Неколку месеци подоцна, Бил Медлеј и Џенифер Ворнес ќе ја добијат „Греми“ за најдобра поп изведба на дуо или група, а авторите на песната ќе си заминат следната година со Оскар за најдобра песна. Според поновите информации, песната имала 11 платонски изданија во САД, а била продадена во преку 32 милиони копии ширум светот.

„She is Like the Wind“ не била создадена за „Dirty Dancing“

Патрик Свејзи е еден од авторите на песната, која била наменета за остварувањето „Grandview U.S.A.“ од 1984 година, каде ја толкува главната улога заедно во друштво на Џејми Ли Куртис. Сепак, благодарение на остварувањето од 1987 година, песната успева да се искачи на третото место на Билборд листата.

Најпопуларниот цитат за малку исфрлен

„Nobody puts Baby in the corner“ е една од најцитираните линии во кименатографската историја, но Свејзи сакал таа да биде исфрлена од филмот. Зошто? Едноставно ја мразел!

Џенифер за малку ќе ја пропуштела премиерата

Дванаесет дена пред големиот ден, актерката доживеала сообраќајна несреќа, со тогашното момче Метју Бродерик, која заврши со двајца починати. „Среќна сум што сум тука и што сум жива и здрава“ изјави Греј на црвениот килим на премиерата.

Филмот за малку ќе имал друг наслов

Бидејќи имале мал проблем да го пренесат филмот преку канадската граница, бидејќи тамошните службеници мислеле дека се работи за порно филм, продуцентите си поиграле со насловот, за да биде што помалку секси, па една од опциите била „I Was a Teenage Mamba Queen“. Но, на крајот сепак останале доследни до првичната верзија.

 

извор:vh1.com; etonline.com; buzzfeed.com; 

Објавено:
18 август 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
632 пати