30 совети за 30+ дамите

13 ноември 2017

Доколку кликнавте на насловот на овој текст, значи дека сте (или наскоро ќе бидете) во четвртата деценија од животот.

Ви звучи страшно? Не треба да биде. Ова се едни од најубавите години, време кога веќе точно знаете што сакате, а полни сте со енергија.

Но, сепак постојат уште работи за откривање. Направивме еден сублимат од совети на жени во нивните 40-ти, 50-ти и 60-ти, за тоа што треба да знаат оние што се во 30-тите, а читајте во продолжение:

1. Годините се само број. Прифати ги промените мирно и позитивно.

2. Сега знаеш што сакаш, а и како да го постигнеш, па тргни смело кон остварувањето на целите.

3. Учи, читај, патувај!

4. Најди хоби што ќе ти го разигра секојдневието.

5. Инвстирај во безвременски парчиња. Класиката е секогаш „ин“. 

6. Не троши ги парите на премногу чевли. Мажите и така не гледаат во твоите стапала, гледаат во твоите колена.

7.Соочи се со себе! И биди своја!

9. Нема совршено време за деца. Кога ќе ги посакаш, тогаш треба да ги имаш. 

10. Чувај го семејството. Тие ќе бидат секогаш тука за тебе. Однесувај се со нив, како што сакаш тие да се однесуваат со тебе. 

11. Не грижи се за тоа дека ќе остариш, грижи се за тоа да не ти е досадно.

12. Верувај ѝ на интуицијата.

13. Грижи се за кожата и смеј се што почесто.

14. Не зимај си сè при срце и не биди толку сериозна кон себе.

15. Секогаш труди се да напредуваш - физички, духовно, ментално.

16. Биди независна и снаодлива. 

17. Ако сакаш да бидеш успешна, дружи се со успешни луѓе. 

18. Секогаш наоѓај време за себе.

19. Внимавај дали и со кого го прошируваш пријателскиот круг. 

20. Одговорна си за сите твои постапки во животот и за состојбата во која твојот живот е.

21. Држи се до она што знаеш дека е исправно.

22. Вистината и интегритетот се дел од твојот највреден “имот“.

23. Фокусирај се на доброто во твојот живот. 

24. Можеби имаш многу луѓе околу себе, но твоите деца те имаат само тебе.

25. Научи да простуваш и да правиш компромис.

26. Никој нека не ти кажува дека си за нешто премногу стара/млада.

27. Ослободи се од бескорисните работи. И луѓе.

28. Не троши го времето грижејќи се за работи што не можеш да ги смениш.

29. Не стравувај. Сè ќе биде добро тука, во твоите 60-ти. Природата нè подготвува за секоја животна фаза.

30. Ќе процветаш по 30-тата. Цени ја својата убавина.

Објавено:
13 ноември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.894 пати