92. Оскари ни ја донесоа најголемата возбуда, „Медена земја“ со историски успех, а „Parasite“ е филмот и изненадувањето на годината!

10 февруари 2020

Историско 92. издание на Оскарите - за нас, за Медена земја, за македонската кинематографија, за филмот од неанглиско говорно подрачје и за светот што имаше привилегија да ја запознае Атиџе. Само матица како неа е одлика на надеж за подобра иднина на човештвото, а тоа нè засега сите, затоа што сите сме во иста кошница. И Академијата ја прочита пораката, па беше невозможно, а Медена земја да не влезе меѓу номинираните, после 30-тина освоен престижни признанија.

 

Екипата на Медена земја не ја освои златната статуетка во историската двојна номинација за Најдобар документарен и Најдобар странски филм, но го освои оној најзначајниот „оскар", од публиката ширум светот која не разбира ниту македонски ниту турски, но го разбира универзалниот јазик на човештвото, а притоа успеа во својата мисија да го сврти вниманието кон тема која е суштинска и вредна за сите. Затоа Медените се морални победници!

А големиот победник, истовремено и големото изненадување на холивудската ноќ е јужнокорејскиот филм „Parasite" на режисерот Бон Џун Хо. Успеа да освои вкупно четири статуетки, меѓу кои и онаа најзначајната за Најдобар филм. Во силна конкуренција, помеѓу „Ford V Ferrari" „The Irishman" „Jojo Rabbit" „Joker" „Little Women" „Marriage Story" „1917" и „Once Upon a Time... in Hollywood", „Parasite" не се спомнуваше како главен фаворит во оваа категорија, па токму затоа важи за големо изненадување.
Покрај за Најдобар филм, „Parasite" освои златна статуетка и за Најдобар режисер, Најдобро оригинално сценарио и Најдобар странски филм, категоријата во која беше номиниран и нашиот „Медена земја".

Од друга страна, немаше изненадувања кај другите две главни категории, за Најдобра главна машка и женска улога, каде Оскарите ги земаа фаворитите, Хоакин Феникс и Рене Зелвегер.

Во своите говори двајцата упатија освестувачки пораки, за моќта на заедницата, човештвото и љубовта.
„Ја делиме истата љубов, кон филмот затоа не се чувствувам ништо повеќе над моите колеги. Најголемот подарок што ни е даден е да го искористиме нашиот глас и за оние кои го немаат. Сум бил себчен во животот, тежок за соработка, но многу од вас ми дале втора шанса, затоа е многу важно да се поддржуваме меѓу себе, да сочуствуваме, да дозволиме љубовта да не води и тоа е клучот, кога не води човечноста..." кажа во својот говор Хоакин Феникс.

За Рене Зелвегер ова е втор Оскар, овој пат за улогата на легендарната Џуди Гарланд.

„ Кога ги славиме нашите херои, се потсетуваме колку сме силни кога сме заедно, како целина. Џуди ти си една од тие хероини кои нас не дефинираат и не обединуваа", говореше вечерва на сцената на театарот „Долби", Рене Зелвегер.

Во продолжение следува листата на сите добитници на годинешните Оскари.


-Најдобар актер во споредна улога – Бред Пит „Once upon a time in Hollywood" 

-Анимиран филм – „Toy story 4„ 

-Краток анимиран филм – „Hair love“

-Најдобро оригинално сценарио – „Parasite“

-Најдобро адаптирано сценарио – „Jojo Rabbit“

-Краток филм – „The neighbors window“

-Продукциски дизајн- „Once upon a time in Hollywood“

-Најдобар документарен филм – „American factory“

-Краток документарен филм – „Learning to Skateboard in a Warzone“

-Споредна женска улога – Лора Дерн

-Најдобар звук – „Ford v Ferrari“

-Монтажа на звук – „1917“

-Најдобар директор на фотографија – Роџер Дикенс за „1917“

-Најдобра монтажа – „Ford v Ferrari“

-Најдобри визуелни ефекти - „1917“

-Најдобра шмнка и фризура – „Bombshell“

-Најдобар странски филм – „Parasite“

-Најдобра музика – „“Joker

-Најдобра оригинална песна- Елтон Џон

-Најдобар режисер – „Paradise“, Бон Џун Хо

-Најдобар актер – Хоакин Феникс, „Joker“

-Најдобра актерка – Рене Зелвегер, Џуди

-Најдобар филм - „Parasite

 

 

 

 

Објавено:
10 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.871 пати