„Аида“ ќе ги затвори Мајските оперски вечери

28 мај 2015

Во недела, (31 мај) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет традиционално, за затворање на Мајските оперски вечери, ќе биде изведена оперската претстава „Аида“ од Џузепе Верди, со интернационална солистичка екипа.

Настапуваат: Ракеле Станиши-Италија, во насловната улога, Амнерис: Росана Риналди-Италија, Радамес: Пјеро Џулијачи-Италија, Рамфис: Иван Томашев-Србија, Амонасро: Серџо Болоња-Италија, Фараон: Александар Стефаноски, Голема свештеничка: Олгица Милевска, Гласник: Марјан Николовски

Како режисер се потпишува Дејан Прошев, а под диригентската палка на Стефано Романи од Италија.

Објавено:
28 мај 2015
Категорија: 
Култура