„Аида“ традиционално за крај на Мајските оперски вечери

30 мај 2016

Утревечер со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет, традиционално ќе биде изведена оперската претстава „Аида" од Џузепе Верди за затворањето на Мајските оперски вечери.

Како што најавуваат од МОБ, и годинава традиционално „Аида" ќе биде изведена со интернационална солистичка екипа.

Настапуваат: Нашата првенка, Весна Ѓиновска-Илкова, во насловната улога, Амнерис: Дина Хамзина-Казахстан, Радамес: Рубенс Пелицари-Италија, Рамфис: Игор Дурловски, Амонасро: Марјан Јовановски, Фараон: Кацухиро Котецу-Јапонија, Голема свештеничка: Надежда Рубен, Гласник: Марјан Николовски.

Режисер на претставата е Дејан Прошев, а ќе биде изведена под диригентската палка на , Иво Липановиќ од Хрватска.

 

Објавено:
30 мај 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
67 пати