Ајде да цртаме заедно – најпродаваниот автор-илустратор за деца, онлајн нè учи на нови вештини

20 март 2020

Вонредните услови што го изместија биоритамот на целиот свет, го ставија на пауза и формалниот образовен процес за околу 300 милиони деца.

Во ваква ситуација возрасните бараат алтернативни начини како продуктивно да го пополнат слободното време на своите деца, а притоа да научат и нешто ново.

Одлична идеја и можност децата креативно да го исполнат времето, доаѓа од еден од најпродаваните автори за деца и илустратор, Мо Вилемс.

Тој најави дека од својот дом, ќе одржува бесплатни онлајн часови по цртање "Lunch Doodles", секој работен ден во 1 часот попладне, (а според нашата временска зона во 19 часот), на јутјуб каналот на Kennedy Center.

„Знам дека многумина од вас не се во училиште. Сега сте дома поради целата ситуација. Но, погодете што? И јас сум дома исто така. Ајде да се дружиме заедно", вели познатиот илустратор.

Одлична можност да учиме нови креативн вештини од најдобрите!

Инаку, Мо Вилемс е познат како автор на некои од најпопуларните книги за деца меѓу кои: "The Pigeon Has to Go to School!", "I Will Take a Nap!", и "Knufflebunny,".

Тој ги охрабрува децата да го следат на неговите онлајн предавања и активно да учествуваат за се што ги интересира околу темата што ќе ја предава.

Фото: Bored Panda

Објавено:
20 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
322 пати