Акција за пример: Ако имаш – донеси, ако немаш – однеси

10 јануари 2020

Во балканските медиуми деновиве се прошири веста за хумана акција која во Србија функционира веќе подолго време, а која е одлична инспирација вакво нешто да се спроведе насекаде во светот.

„Закачалки на добрината“ е првичниот назив на акцијата, која функционира по принципот „Ако имаш – донеси, ако немаш – однеси“.

На различни места во градот се поставуваат закачалки каде се остава храна, облека, напитоци, од оние што имаат – за оние што немаат.

Ефектот е уште посилен бидејќи започнал како иницијатива на граѓани, и тоа уште пред неколку години, кои тивко и ненаметливо придонесувале за нечиј подобар ден.

Сега е и медиумски експонирана, па се надеваме дека нема да се злоупотреби, туку ќе придонесе за распространување на добрината, добротата, човечноста и убавите намери.

 

фото извор: facebook.com/KUKE-Dobrote

Објавено:
10 јануари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.132 пати