Ако сакате поинакво доживување на Италија, посетете го Алберобело

14 март 2019

Италија е една од омилените дестинации на многумина. Но, доколку сакате да ја доживеете на еден поинаков начин, ви предлагаме да го посетите Алберобело.

Ова место се наоѓа на југот на Италија, на раскрсницата помеѓу кокраините Бари, Бриндиси и Таранто. Она што го прави ова гратче уникатно се уникатните бели куќички со сиви покриви, наречени „trullo“.

Токму поради нив, Алберобело е заштитено од УНЕСКО и тоа од 1996 година. 

Куќичките ќе ве остават без здив. Поради низа економски, социјални и културни причини, нивниот изглед не се менувал со векови наназад. Италијаните сфатиле дека имаат нешто посебно, па  ја зачувале оваа архитектонска знаменитост и унапредиле, но ја зачувале и нивната праисториска техника на градење, која ги прави така автентична. 

Според податоците што можат да се најдат, ова место денес има околу 11.000 жители и околу 1.000 вакви куќички. Интересно е дека секоја куќа може да биде составена од повеќе од едно „trullo“.

Инаку, Алберобело е „поделен“ на два дела.Рионе Монти е туристиччкиот дел, со сувенири и ресторани. Рионе Аија Пикола пак, е најстариот дел од градот, рурален, со непроменет изглед, каде што дел од жителите сè уште живеат во „trullo“ куќички. 

Ако се одлучите да го посетите ова место, знајте дека иако мало, има многу мали музеи и многу можности за дегустација на домашни производи.

Покрај уникатните градби, ќе можете да ја посетите и таканаречената „Case d'Amore“, првата куќа од цигла направена уште 1797 година, без типични обележја на споменатите Trullo градби. Оваа куќа претставува симбол на слободата од феудалното уредување. Сега е Туристичка заедница. 

Оние што веќе биле во местото велат дека престојот во автентичните куќички или во хотел со таква тематика е посебно доживување што не би требало да го пропуштите. 

Во продолжение погледнете и неколку фотографии од ова место, кое може да биде вашиот следен избор за одмор, особено бидејќи ни се приближуваат неколку продолжени викенди!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Viandando Luxury Travel (@viandandoluxurytravel) onMar 10, 2019 at 1:44am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nunzia FOOD BLOGGER PUGLIA (@mieledilavanda) onMar 13, 2019 at 11:40pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Puglia (@amolapuglia) onMar 1, 2019 at 5:13am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TheRoadofTrip (@theroadoftrip) onMar 14, 2019 at 5:17am PDT

 

 

najboljeizitalije.rs, pinterest.com; wikipedia.com; 

Објавено:
14 март 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
4.177 пати