Ако сте за авантура – ова е најубавиот природен базен во светот!

8 април 2019

Ако ова лето решивте да тргнете на нова авантура, тогаш ова е вистинското место за вас што нема да ве изневери.

Станува збор за неверојатниот полуостров Јукатан, Мексико кој е познат по недопрените плажи, богатата историја на Маите, неверојатните прашуми и што уште не.

Токму таму, во оваа област, се наоѓа местото Сеноте Калавера во кое е сместен најубавиот и најатрактивен природен базен во светот.

Станува збор за вистинско ремек дело на природата во кое има неверојатна, стаклено чиста сино – зелена подземна вода.

Ова место е совршено за сите оние што сакаат нешто повеќе, а доколку сте обожавател на нуркање, тука ќе создадете неверојатни спомени за цел живот.

Инаку, ова било едно од омилените места на Маите кои истото го сметале за свето, па често во овој базен носеле за нив вредни предмети бидејќи сметале дека токму оваа јама ќе ги однесе во задгробниот живот.

quintana_roots

Доколку ова лето планиравте авантура со вашите пријатели, тогаш ова е дефинитивно место што треба да се посети, а секако, да не ги заборавиме и блиските рајски плажи во Тулум во чие подрачје се наоѓа овој базен.

tulum_mexico

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
8 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
148 пати