Трета сезона НАРКОС

Алберто како Пачо во „Наркос“ е маестрален!

7 септември 2017

Третата сезона на култната серија „Наркос“ која премиерно се прикажува на Нетфликс во чија продукција и се реализира овој серијал, почна жестоко, крваво и скандалозно. Прво што се најавува во серијата е дека Кали Картелот напреднал во своите криминални постапки, ја раширил мрежата уште повеќе од Меделин картелот.

Она што веднаш се препознава и се врзувате за антихеројот е ликот на Пачо Херера кој го игра аргентинскиот актер Алберто Аман кој во секој кадар внесува една енергија, плени со својот раскошен талент и харизма.


Алберто Аман е роден 1978 во Аргентина син на политичар и новинар, кои како семејство за време на диктатурата во Аргентина ќе се преселат во Шпанија и остануваат до 1982 година. Алберто сепак подоцна за своето школување се враќа во Шпанија и студира актерство на престижната школа Juan Carlos Corazza Acting Studio.


Како сосема непознат млад актер на кастинг ќе добие мала улога во рекламата за Шанел за парфемот „Мадмоазел“ заедно со Кира Најтли.


Со само една улога во филмот „Cell 211“ во режија на Даниел Монзон, ќе се искачи на листата барани актери во рангот на Пенелопе Круз, а за улогата во овој филм ја добива наградата „Goya Award“ за најдобар млад актер.


Во првата епизода Пачо Херера го гледаме како крволочен криминалец, убиец , хомосексуалец кој не се крие, а сите од него имаат страв и трепет. Прашањето е дали овој лик е вистински или е фикција?
Франциско Хелмер Херера ака Пачо Херера е роден 1951 година во Палмира, Колумбија. Завршува средно техничко се со цел да добие било каква работа во САД. За време на својот престој во Америка ќе го научи златарскиот занает и ќе се занимава со изработка на накит. Но, многу брзо ќе влезе во светот на дилерите и кокаинот.

Ова време е време кога владеел кешот на улица и ја нарекуваат „декада на дрогата“. Херера бил еден од првите кој ја продавал дрогата на улиците на Њујорк. Апсен е два пати 1975 и 1978 година, но тоа не го спречило повторно да се врати на овој бизнис.


1983 година оди во Кали Картелот, Колумбија да преговара за поголемо количество дрога за да биде единствен дилер во Њујорк, предложувајќи им ја рутата на пренос на дрога преку Мексико. Му ја прифаќаат понудата и Пачо за многу кратко време станува богат и живее исклучително луксузно. Возен парк од 70 автомобили, телохранители, апартмани, пентхауси, блиндирани возила, високо развиени технолошки оружја... Единица герила најмил за да го обезбедуваат, како и неговите тајни лаборатории за хаш. Документирано и потврдено е дека го чувала Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia (FARC). Во вистинска смисла на зборот се однесувал како крал.


Но, Херера секогаш инсистирал на тоа да не го знаат многу, да живее во сенка, не сакал да се експонира. Во сите книги, интервјуа како и да не постои Херера, како никогаш да не бил член на Кали Картелот. Се претпоставува дека го финансирал Колумбискиот претседател Ернесто Сампер.


1996-та сам се предава на Колумбиската полиција и е еден од последните седум членови на Кали Картелот. Прво ќе го осудат на шест години, па после ќе ја прдефинираат казната на 14 години. Но, 1998 година еден од затворениците ќе испука шест куршуми во глава. Тоа е крај на приказната за Херера ака Пачо.

Сцената која предизвика многу емоции, жестоки реакции во првата епизода од оваа трета сезона, оној бакнеж и страсно танго кое го игра Пачо со неговиот љубовник, Алберто ќе изјави: Тоа беше начинот да го прикажеме лудилото на мојот лик и мало засладување пред бруталното убиство кое се случува во следната сцена.

Алберто игра во Наркос од првата сезона, но никогаш претходно не ја открива својата сексуалност.

„Кога ќе ги видите во сцената присутните како со подзината уста го гледаат бакнежот и тангото, тогаш ќе ви стане јасно дека се работи за застрашувачки лик оти никој не мрда, не дише, не трепка. Тие знаат дека станува збор за ужасно насилен лик и кој е во состојба сите да ги замолчи во еден миг“ - вели Алберто.


Третата сезона на Наркос ако веќе не сте ја гледале, имате домашна задача! Ви претстои забавен и возбудлив викенд.

Алберто Аман е новата ѕвезда во периодот што следува, тоа е сигурно!

Филм
2009: Cell 211, by Daniel Monzón
2010: Lope (film), by Andrucha Waddington
2011: EVA, by Kike Maillo
2012: Invasor, by Daniel Calparsoro
2013: Tesis sobre un homicidio, by Hernán Goldfrid
2013: Mindscape as Tom Ortega
2013: Combustion
Телевизија
2008: Plan América (Plan America) (TV series, one episode)
2010: No soy como tú (I'm not like you)
2010: La princesa de Éboli (The Princess of Éboli)
2015-2017: Narcos
2016: Mars
Театар
Las brujas de Salem (The Salem Witches) (directed by Ricardo Ceballos)
Paria (directed by Guillermo Ianni)

 

 

 

фотографии извор:Netflix

Бејбимама

Објавено:
7 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
165 пати