„All I see is you“ – Блејк Лајвли во нејзината најмрачна улога досега

22 септември 2017

Неодамна беше објавен тизерот за новиот филм на режисерот Марк Фостер „All I see is you" во кој главните улоги ги толкуваат Џејсон Кларк (Џејмс) и Блејк Лајвли (Џина), за која можеби ова е најмрачната улога која досега ја играла на големото платно.

Се работи за комплексна приказна за еден млад брачен пар чиј заеднички живот ќе се промени по една операција.

Џина видот го изгубила во сообраќајна несреќа кога била дете, но еден ден ќе и се понуди опција за операција која би можела да и го врати видот.

Откако операцијата ќе заврши успешно, нивниот живот ќе се промени, а нивниот однос ќе биде ставен на испит...

Премиерата на филмот е закажана за 27 октомври.

Објавено:
22 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.207 пати