„Алма Малер“ една година подоцна

21 јануари 2016

Пред една година, во Македонскиот Народен Театар, се случи премиерата на претставата „Алма Малер", копродукциски производ меѓу Арт-Маркетинг и МНТ – праизведба на драмската адаптација на истоимениот роман на Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, со Ѕвезда Ангеловска и Милица Стојанова во насловната ролја.

Претставата е дел од репертоарот на Македонскиот Народен Театар, а една година подоцна – сѐ уште се бара билет повеќе, што несомнено зборува за успехот кој претставата го ужива меѓу домашната публика, а за емоционалните сензации кои актерките ги носат на сцената, зборува учеството на неколку театарски фестивали, реакциите на странската публика и критика. Романот на Димоски, во издание на „Култура", доживеа голем успех – по македонското издание,

„Алма Малер" наскоро ќе се најде пред светската читателска јавност, во издание на Dalkey Archive Press. На дваесет и шести јануари, со почеток од 20.00 часот, „Алма Малер" во балетската сала на Македонскиот Народен Театар.

Објавено:
21 јануари 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
329 пати