10 причини зошто треба да живеете на поткровје

4 октомври 2016

Доколку неодамна се одлучивте на еден од најважните чекори во вашиот живот – нов дом, тогаш опцијата која многу наскоро треба да ја разгледате се становите на поткровје.

Покрај тоа што до крајот на животот ќе го имате најсовршениот поглед од сите останати станари, ова прекрасно катче ќе биде вашето бегство од секојдневието и место каде ќе уживате со вашето семејство во безброј поволности.

Станот на поткровје е одличен избор за сите млади двојки или брачни парови, но и млади студенти кои секогаш се во потрага по нешто модерно и поинакво од целата останата понуда.

Поткровјата во Elena Luka Home имаат една сосема поинаква приказна која едноставно мора да се доживее.

Многумина ќе кажат дека добрата изолација е најважна доколку се одлучите за стан на поткровје, а токму во Elena Luka Home надворешните ѕидови обложени со тврдо пресуван стиропор со завршен силикатен малтер (демит фасада), овозможуваат услови како никаде на друго место.

Во продолжение ви пренесуваме 10 добри причини зошто треба да се одлучите да инвестирате во одличен стан на поткровје.

1.Пријатна атмосфера

Становите на поткровје отсекогаш биле едни од најпосакуваните бидејќи секогаш изгледаат толку топло и удобно. Неодоливата атмосфера и одличната светлина ќе ви овозможат да поминете пријатни мигови со вашето семејство. Утринското кафе во комбинација со совршениот поглед нека ви стане ритуал на кој сите ќе ви позавидат.

2.Природна светлина

Генерално, становите на поткровје речиси секогаш имаат големи прозорци, па ова е одлична предност за вас. Научно е докажано дека природната светлина е многу важна за вашето здравје, а на поткровје ќе ја имате најдобрата светлина што може да ја посакате. Покрај тоа, големите и пространи прозорци се неверојатно стилски и модерни, а низ нив ќе го видите и најубавиот поглед што отсекогаш сте го посакувале.

3.Приватност

Со самото тоа што ќе се одлучите за стан на поткровје, мала е веројатноста дека ќе ви пречат другите станари во моментите кога сакате да одморите и да уживате. Секогаш е добро да се има време за себе, а уште поубаво време за вашето семејство без никој да не ви пречи.

4.Зголемена креативност

Да речеме дека сакате да работите од дома или пак се занимавате со некоја креативна работа. Сигурно сте забележале дека во речиси сите филмови или на сите фотографии најголемите уметници работата ја завршувале на своите тавани. Се верува дека токму таму, благодарение на природната светлина и посебната атмосфера тие ги добивале најголемите и најдобри идеи!

5.Не ви се потребни завеси

Со оглед на тоа што ќе бидете најгоре, освен ако не сте голем обожавател на завеси и слични декоративни елементи, тогаш истите нема да ви бидат воопшто потребни. Светлината што ќе ја добиете со купувањето на станот на поткровје, навистина не вреди да се покрие со ништо!

6.Бројни можности за декорација на ентериерот

Станот на поткровје има огромен број на можности за декорација и комбинирање на разни бои и мебел, благодарение на интересната градба која доаѓа со него. Таваните создаваат еден навистина посебен ефект, а доколку ги украсите со вистинските бои и слики, тогаш имате полн погодок!

7.Полици до прозорците

Полиците се едни од најпосакуваните парчиња мебел, а доколку ги наместите близу прозорците тогаш го имате најубавото и најомиленото катче во станот. Одберете и шик фотелја која ќе ја наместите точно до прозорецот за уште поубави услови за читање.

8.Неверојатен поглед кон небото

Доколку имате можност, наместете го креветот близу прозорецот за да можете да уживате во единствената убавина на ѕвездите, изгрејсонцето, дождот... Искуство на кое ќе му се радувате секој ден...

9.Рај за вашите омилени растенија

Природната светлина и пространоста ќе им овозможат на вашите омилени растенија услови какви што отсекогаш посакувавте за нив. 

10.Мал совршен свет над сите други

Создадете ваш мал интимен свет над сите други, но уживајте и во погледот од терасата каков што отсекогаш си замислувавте дека ќе имате.

Објавено:
4 октомври 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
5.755 пати